• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
дизајн-декор 0

Шестото издание на Skopje Design Week од 23 ноември во „Јавна соба“

Од stylist @StylistMKD · На октомври 21, 2016

sdw-2016-logo

Организаторите на Неделата на дизајн во Скопје (Skopje Design Week), го најавуваат шестото издание кое ќе се одржи од 23 до 27 ноември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ (Public Room) во Скопје. Според одзивот на претходните изданија, манифестацијата веќе ја стекна неопходната доверба на креативните автори, студија, компании и институции во чиј фокус се модерниот дизајн и креативниот потенцијал, пред сѐ, на младите претприемачи, и во таа смисла оваа година поставуваме платформа која ќе ги надгради досега стекнатите организациони и комуникациски искуства.

Имајќи го предвид интензивниот развој на дизајнерските иницијативи и практики во последниве неколку години, мото на шестото издание на Skopje Design Week е Blooming Makers (Млади брендови во подем), со цел дополнително да ги поттикнеме и поддржиме локалните дизајнери во нивниот поход кон освојувањето на регионалниот и интернационалниот пазар, но и да им дадеме самодоверба за повидливо присуство на домашниот пазар.

Во моментов отворен е конкурсот за учество на шестото издание на Skopje Design Week. Дизајнерите, студијата за дизајн, компаниите, продавниците, фабриките, застапниците и дистрибутерите кои сакаат да ги изложат и продаваат своите производи за време Skopje Design Week 2016 можат да се пријават сѐ до 30 октомври. Производите можат да бидат од најразличен формат, материјали и бои, но значајно е да имаат истакната употреблива вредност и пазарен потенцијал. При селекција на предложените производи и брендови предност се дава на производите кои ги задоволуваат следните критериуми: функционалност, пазарен потенцијал, цена на чинење и естетика.

Деталната пријава за учество може да се најде на официјалниот сајт на Skopje Design Week 2016.

До 30 октомври ќе биде отворен и конкурсот за дизајн на престилка, кој е наменет за студенти, а кој Skopje Design Week го реализира во соработка со Италијанската стопанска комора во Скопје. Наградата за најдобриот дизајн ќе биде учество на летна школа на Академија Италијана во Фиренца во текот на 2017 година. Деталите за конкурсот може да се најдат на сајтот на Skopje Design Week.

2

Хрватскиот бренд „Просториа”, учесник на Skopje Design Week 2016

Главната програма на Неделата на дизајнот во Скопје го задржува веќе испробаниот рецепт на повеќеслојна платформа која овозможува промоција, презентација, едукација, кулинарство и забава. Основниот сегмент на Skopje Design Week се изложбата, презентациите и работилниците и, секако, уникатна музичката програма до доцните часови.

Земја во фокус на шестото издание на Skopje Design Week е Австрија, дизајн велесила, од каде доаѓаат 28 изложувачи, така што со гордост ја најавуваме досега најголемата изложба на земја во фокус воопшто презентирана во Скопје.

Во однос на презентациите го најавуваме гостувањето на еден од најуспешните дизајнери од регионот, Зоран Једрејчиќ, кој ќе го претстави концептот на Белградскиот саем за мебел, односно новата акција за Дизајн брендови од регионот и нивно директно поврзување со интернационални купувачи и дистрибутери.

Маја Лалиќ и Александар Велиновски ќе ја претстават платформата „Балканска дизајн мрежа“, нејзиното проширување во поглед на членки и настапите на подалечни дизајн-фестивали.

Оваа година за првпат ќе бидат доделени награди за Најперспективен бренд и Студентски дизајн, а програмата ќе биде дополнета со две работилници за деца, музички настапи во живо секоја вечер на сцената во „Јавна соба“, како и со кулинарски настани.

Неделата на дизајнот во Скопје е фестивал на кој се претставуваат нови и иновативни дизајн-решенија на производи, графички дизајн, брендови, ребрендирања и кампањи на производи, како и моден дизајн, а на скопската мапа на иновативноста, креативноста, вкусната кујна и доброто расположение е вцртана од 2011 година.

Public RoomSkopje Design WeekЈавна соба“дизајнконкурсмодерен дизајНедела на дизајн во Скопје
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • NB1 дизајн-декор

    Нордиски шик во црно-бела палета

  • 00 дизајн-декор

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

  • 1 дизајн-декор

    Идеи за декорирање на празничната трпеза

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Плетиво на Zara што ќе ве згрее овие студени денови

    јануари 26, 2021
  • dior

    ВИСОКА МОДА: Колекција на Диор инспирирана од тарот карти и езотерија

    јануари 26, 2021
  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

    јануари 25, 2021
  • katarina ivanovska (1)

    Катарина Ивановска на насловна на српски Elle

    јануари 25, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics