Познатата шминкерка Лиса Елдриџ и британската трендсетерка, Алекса Чанг, снимија видеотуторијал со совет како да се нашминкате во стилот на 60-тите години. Како пример го земаат имиџот на модните икони Џејн Биркин и Франсоаз Харди, кои ѝ се омилени на Чанг.

Алекса Чанг е препознатлива по нејзиниот мачкин поглед, доловен со моливчето за очи
За туторијалот Лиса користи производи со потпис на Алекса, кои се реализирани во соработка со брендот Eyeko, како и производи од „Шанел“ и „Римел“. Иако поголем дел од шминката ја прави Елдриџ, и самата Чанг покажува неколку потези за доловување на посакуваниот излед. Нејзин заштитен знак е црното моливче за очи. Препознатлива е по нејзиниот мачкин поглед, доловен со моливчето за очи.
-Ова е многу едноставен и вечен изглед што им стои на сите . Иако е потребно малку вежбање, ќе видите дека по вториот пат ќе се нашминкате многу побрзо од првиот пат-вели Алекса.

Џејн Биркин и Франсоаз Харди е омилени модни икони на Алекса Чанг
Лиса Елдриџ е позната шминкерка на ѕвездите. И самата таа стана ѕвезда со својот „Јутјуб“ канал, каде што постира туторијали за шминкање, кој има повеќе од 900.000 претплатници. Таа е меѓу тројцата најдобро платени мејкап-артисти во светот, а голем дел од бојатството доаѓа токму благодарение на интернетот.

Лиса Елдриџ е ѕвезда меѓу шминкерите
Нема коментари