Во топлите летни денови ББ кремите претставуваат најдобра подгога на лицето, тие се мултифункционален козметички производ и можат да ја заменат течната пудра. Во лето генерално сакаме да користиме што е можно помалку препарати и да ги избегнеме течните и камените пудри кои обезбедуваат голема покривност, но и потешка текстура и лесно може да се растопат во текот на денот. Затоа ББ кремите се идеална замена – тие ја негуваат кожата, обезбедуваат хидрантност и прозрачен изглед, благо го затемнуваат лицето и го изедначуваат тенот и ги покриваат разните неправилности на кожата на лицето. Постои голем избор на ББ креми прилагодени на разни типови на кожа. Оние со масна кожа можат да нанесат само еден слој на ББ крем, а оние со посува препорачливо е да го комбинираат со својот хидрантен крем. Бирајте ББ крем со заштитен фактор.
Нема коментари