• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Свежина од пистите на Модната недела во Њујорк

Од stylist @StylistMKD · На септември 10, 2014

jcrew (4)

Иако шоуто на Ралф Лорен вчера на Модната недела во Њујорк привлече најмногу внимание, сепак не фрли сенка врз останатите ревии. Со својата креативност, носивост и свежина се издвоија колекциите на J. Crew, „Родарте“, Marc by Marc Jacobs, Вера Ванг, MM6 Maison Martin Margiela и Оскар де ла Рента.

J. Crew

jcrew (5)
Еден од најурбаните бендови, кој одлично ја отсликува современата жена и нејзината потреба од динамика, удобност и отменост  J. Crew ја претстави една од најпросперитетните линии оваа сезона во Њујорк. Моделите го погодуваат вкусот на блогерите , односно на познатите и анонимните модни „херои“ од улиците на големите центри. Застапени се трендовски парчиња со минимални дизајнерски интервенции и со поголемо внимание посветено на комбинациите и изборот на материјали и бои. Линијата е полн погодок за секоја модерна девојка, што нема многу време да трага по идеалните парчиња низ бутиците и трговските центри.

jcrew (2)
jcrew (1)

 

Marc by Marc Jacobs

Marc by Marc Jacobs kolaz1

Инвентивна, неочекувана и младешка е третата колекција на тандемот Кејти Хајлиер и Луела Бартли за етикетата Marc by Marc Jacobs. Линијата е спој на бунтовничкиот имиџ од 80-тите и 90-тите години. Кога се вели спој, буквално се мисли на спој, бидејќи креторките понудија креации со две различни половини сошиени воедно, од едната со панк елементи и од другата страна натресит двоколорен гранч имиџ. Тука е и спојот на глам-модели , фустани порабени со тантела и кежуал или спортски парчиња како блузони и маички со принт. Има и варијации на дождовен мантил, како и на т.н ѓубретарци. Навидум грубата колакција, има и нежна, женствена страна, која иако црпи мотиви од минатото, има визија на изгледот на девојката од иднината… или на јапонската улична мода.

Marc by Marc Jacobs kolaz2
Marc by Marc Jacobs kolaz3
Marc by Marc Jacobs kolaz4

 

„Родарте“

rodarte kolaz1

„Очигледно Лора и Кејт Маливи биле инспирирани од филмот во најава на Софија Копола, Малата сирена“- беше коментарот под фотографиите што една блогерка вчера ја постира на „Инстаграм“ од ревијата на „Родарте“. И навистина, како што се редат модели од линијата се повеќе се развива чувството дека од зад свената испловуваат сирени, но овие се модерни со малку готескно стилско видување на сестрите-креаторки. Моделите не се буквално во сирена форма, но имаат подводен шмек, со меките прозурни материјали кои се прелеваат еден во друг и кои се споени на суптилен дизајнерски начин.

rodarte kolaz4
Rodarte kolaz2
rodarte kolaz3

 

Оскар де ла Рента

Oscar de la Renta kolaz2
Колку и да звучи иронично, на колекциите на Оскар де ла Рента најмногу се радуваат стилистите на холивудските ѕвезди и идните невести. Првите бидејќи можат да најдат сигурна варијанта за блескав изглед на нивната клинетка на црвениот килим, а вторите оти ќедобијат инспирација како да изгледа нивниот венчален фустан. Колекцијата пролет-лето 2015 , со некололку исклучоци, сепак најмногу ќе помине кај актерките и невестите што не сакаат типичен, барок изглед, и кои предерираат поурбан изглед. Моделите изгледаат луксузно, со извонредна иарзботка, без големи екперименти во формите, освен неколкуте асиметрични форми. Се задржува на пролетните мотиви и тонови: цветни тонови и пастелни бои, но има и доста црни и црно-бели парчиња, како и каро шари. Дел од креациите се богати со тантела, а дел со цветен вез. Тие се како и секогаш романтични, нежни и носталгични.

Oscar de la Renta kolaz1
Oscar de la Renta kolaz3
Oscar de la Renta kolaz4
Oscar de la Renta kolaz5
Oscar de la Renta kolaz6

80-тите90-титеJ.CrewMaison Martin MargielaMarc by Marc JacobsMM6 Maison Martin MargielaблогблогериВера ВангЛора и Кејт МаливиМалата сиренаМодна недела во ЊујоркневестиОскар де ла Рентапанкпринтовипролет-лето 2015Ралф ЛоренРодартеСофија Кополатантелаулична модахоливудски ѕвездицветен дезен
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics