Познатиот американски дневен весник „Њујорк тајмс“ вчера пишуваше за велосипедски тури низ Македонија и за Џим Џонсон од Bike Tourist Direct, кој имресиониран од македонската култура и знаменитости заедно со Ride Macedonia работел на програмата Discover Macedonia, деветдневна тура на умерен велосипедизам и пешачење. Весникот открива дека првата тура од 25 август е веќе распродадена, а следната е закажана за 23 септември.
-Толку многу традиции замислуваме во Европа, некои веќе не постојат. Но, ќе заминете во Македонија и таму ќе видите села со луѓе кои биле таму со генерации - вели Џонсон кој ќе учествува на првата тура.
Весникот спомнува дека вредни за посета се Охрид, град кој е на списокот на УНЕСКО за светско културно наследство и една од најстарите населби во Европа, потоа националните паркови, старите села и главниот град Скопје.
Нема коментари