Актерката по четврт пат работи за модната куќа „Џими Чу“ и се чини дека со секоја нова рекламна кампања изгледа помладо и посвежо. Во новата реклама за колекцијата за предзима 2014 на брендот за модни додатоци, актерката има имиџ на рок дама, а на првата фотографија од кампањата го носи моделот Marlin, црн-бели ниски чевли со неколку ремчиња и чантата Ana , модел од кожа на питон. Изборот на ниски чевли и на натуралнiot изглед на Кидман како да сака да ја пренесе идеја на брендот дека во нивните чевли ќе изгледате и ќе се чувствувате младо, модерно и самоуверено. Дел од рекламната кампања е видеото снимено од Вили Вандерпере и стилизирано од Јулија Фон Боем, во кое Никол е снимена во пустина во неколку рокерски комбинации, а друштво и’ прави манекенот Шон О’Прај.
Нема коментари