Некогаш успешна манекенка, денес актерка, Дајан Кругер е и модна инспирација. За ова лето 2018 ќе ѝ го украдеме начинот на кој носи кратки панталони од тексасна ткаенина кои очигледно се едно од нејзините омилени модни парчиња, но и тековна тенденвија. Дајан џинс-шорцевите ги носи во разни пригоди, од прошетка во градот, на музичкиот фестивал Коачела и за вечерно излегување. Ги комбинира со маички, кошули, блузи во пижама-стил, со патики, сандали или балетанки, чанта преку рамо и шапка, а на еден вечерен настан ги спои со мрежести хулахопки и поелегантно сако.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари