Шарени панталони и цветни пижама-комплети, волуменозни џемпери и лелеави здолништа, барбери-мантили и сонливи свилени наметки, романтични кошули и транспарентни фустани… креативниот директор на британскиот луксузен бренд „Барбери“, Кристофер Бејли, ја претстави новата машка и женска колекција под концептот „види сега – купи сега“. Колекцијата која ја покрива сезоната есен-зима 2016/17 претставува модерна визија на делови од традиционалната британска облека.
Посетителите на ревијата што се одржа во Makers House добија примерок од книгата „Орландо“ на Вирџинија Вулф, дело кое послужи како главна инспирација на колекцијата, а во првиот ред беа забележани Кара Делеињ, Алекса Чанг, Лили Џејмс, Фрида Пинто, Џована Батаља… Сезонава „Барбери“ ја смени локацијата за модна ревија, но и концептот на делување, а за време на Лондонската модна недела во овој простор ќе бидат прикажани техники на создавање креации и во исто време ќе функционира поп-ап кафуле.
Нема коментари