Ако капите се статусен симбол, показател за времето и за трендовите, беретките се безвременски и се асоцијација на многу нешта: Париз, морнари, 20-тите години, сликари, Џејн Биркин, Жан Пол Готје… Во суштината на сите е артистичкиот и кул ефект-кој неминовно го дава овој модел кога го носите. Иако се чини дека никогаш не излегуваат од мода и дека се присутни во стилот на сите шик девојки, сепак беретките ќе направат голем камбек оваа есен.
Во колекциите на популарните high street брендови се најдоа плетени, платнени и модели со принт и вез. Како и за многу други трендови во секојдневната мода, „виновникот“ за враќањето на беретките е Алесандро Микеле. кој со раскошните и богати со симболи и детали колекции на Gucci донесе нов кретивен бран во модата. И на профилите на влијателните девојки и момчиња на Инстарам, како и на улиците на големите модни центри изминативе неколку сезони може да се забалежат интересни модни комбинации со беретките. Најзастапени црните и црвените модели-како свевидна класика, но се среќаваат и палетан од нијанси,жолта, розова, сина… Се очекува тие да доминираат и во есенскиот и зимски период. Дотогаш соберете идеи како да ги комбинирате овие модели.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари