Некои од најголемите музички ѕвезди во светот вчера се собраа во Њујорк да го лансираат Tidal, првиот стриминг аудио и видео сервис, кој е комплетно во сопственост на музичарите. Проектот го промовираа Џеј Зи, Бијонсе, Канје Вест, а под капата на Tidal ќе функционираат и Ријана, Ријана, Мадона, Ашер, „Дафт панк“, Џек Вајт, „Аркејд Фајр“, Алиша Кис… Џеј Зи кој ја покрена новата музичка платформа смета дека со Tidal ќе се смени текот на музичката историја. Tidal не е бесплатен сервис како конкурентните Spotify и Beats Music, промовира две платежни опции од 10 и 20 долари месечно, но нуди далеку поквалитетен звук и за музичарите значи поголема заработувачка, што реално ја губат поради беспатните стриминзи на нивните дела на други сервиси. Во денешно време до нова музика доаѓаме преку нашите компјутери и смарт телефони, но со Tidal музиката ќе ја слушаме со квалитет кој ќе ги задоволи и најпребирливите аудиофили. Покрај добриот звук, одличната селекција на најважните светски музички ѕвезди, корисниците често ќе наидуваат и на ексклузивни содржини кои ќе најдат само на оваа платформа.
Нема коментари