Дали ние, луѓето, живееме во свет на криза со идендитет, колку мажите и жените се различни или еднакви, но и колку човечките битија се робови на општеството кое сами го креираат?!, се само дел од прашањата кои креаторката Ивана Кнез ги отвори директно на модното спектакуларно шоу на колекцијата #Concept2020 која беше презентирана на Моден викенд-Скопје за есен-зима 2017/18.
„Глобализацијата како тема на мојата лимитирана едиција, инспирација на нашето секојдневното наше живеење, какви Андроиди сме ние, заглавени во електронската ера. Колекцијата е ресајклинг, пет френдли и прилагодлива за нашиот пазар со префинет вкус. Сите ние како сонувачи во потрагата по постојано наше совршенство треба да имаме само една водилка во животот а тоа е љубовта. Се надевам дека барем малку допрев директно до вашите срца. Благодарност до целиот мој тим, Модна недела и сите мои Драма пријатели кои присуствуваа,“ вели Ивана Кнез.
Нема коментари