Фармерки, впечатливи бои, волнена блуза, ниски сандали, торба за на пазар и широки панталони или т.н шалвари се модни парчиња што никогаш не би ги поврзале со Викторија Бекам. Но во модата очигледно никогаш не треба да се каже НИКОГАШ,… особено откако некогашната „спајсица“, а сега почитувана модна дизајнерка почна да прави интересни исчекори од она што се нарекува отмена мода.
Најчесто облечена во креации од своите колекции, таа изминатите неколку години во периодот околу актулените модни недели прави подобра промоција на своите модели од било кој модел или ѕвезда. Со вештите комбинации, женственоста и спонтаната елеганција, успева да му даде нов правец на т.н. смарт кежуал стил, додавајќи го она што му недостасуваше-кул имиџ. Изминатите неколку недели во неколку наврати покажа дека фармерките, впечатливите бои, волнените блузи, ниските сандали , торбите за на пазар и широките панталони може да се замислат и применат во отмен и бизнис стајлинг.
Вреќестите фармерки и панталони, бохо бела кошула, миди здолниште со отвори, волнени блузи и здолништа, спој на две силни бои, панталони со лента на страна, инспирирани од војничкиот костум, како и креации со кроеви како машката облека, седел од новата, предпролетнаколекција за 2017, која на 11 септември ја престави на Модната недела во Њујорк. Во прилог се најдобрите комбинации што таа ги носеше деновите пред и по промоцијата.
Нема коментари