Американскиот рок бенд OK Go го претстави видеоспотот за новиот сингл The One Moment и повторно одушеви со концептот и реализацијата. Снимањето на главниот дел од видеото траело само 4.2 секунди, и за тоа време камерата успеала да улови 318 последователни дејствија, како на пример експлозија на гитари, пукање на балони и кантички со боја, плискање со вода и распрскување на шарен прав. Потоа секвенците се прикажани во слоумошн, некои од дејствијата дури и за 20.000 поспоро. Групата за снимањето се подготвувала со месеци, бидејќи било потребно да се пресмета точниот број на настани и тие да се синхронизираат со песната. Видеото е снимено во седум различни комори, а целата сцена е снимена оддеднаш.
Нема коментари