• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
стилска листа 0

10 нови статусни чанти

Од stylist @StylistMKD · На март 12, 2014

Дали новите модели на чанти кои претендираат да станат класици може да ја истиснат познатата чанта „Биркин“ на Hermes? Се презасити ли модниот свет од овој модел инспириран од Џејн Биркин, многуте копии и кичестиот стил на новопечените богаташки кои се тепаат да ја набаават токму оваа чанта? Сепак, биркин-чантата и по 30 години од лансирањето претставува симбол за безвременска елеганција, но некои нови луксузни парчиња стануваат фаворити на ѕвездите како Миранда Кер, Кејт Босворт и Оливија Палермо кои сега носат помодерни дизајни од брендовите „Селин“, „Шанел“ и „Сен Лоран“. Некои верзии на овие модели на чанти може да се сретнат на скопските улици, но дискутабилно е колку од нив се оригинал, а колку обична копија.

 

1

FENDI 2Jour

Брендот „Фенди“ во почетокот на 90-тите години го популаризираше терминот ит-чанта, а од тогаш лансира неколку модели кои станаа задолжителен дел од стилот на познатите и трендсетерките. (Ви текнува на моделот „Багет“!?) Во последниве сезони компанијата дизајнира покласични модели кои претендираат да станат безвременски, како овој модел што го носи Оливија Палермо. (Цена: 1.200 евра)

 

2

 CHANEL Boy Bag

Овој модел наскоро ќе стане класика! Претставен во колекцијата на „Шанел“ за есен зима 2013/14, брзо стана хит дури и на блоговите за улична мода, како во случајов со модната блогерка Амбер Венз која носи модел во црвена боја. Чаната има и „супер“ цена од околу 1.750 евра.

 

3

 CELINE Cabas

Миранда Кер го обожава овој практичен модел од видот на shopping-tote, бидејќи во него може да ги смести не само работите што сте ги купила додека била во шопинг, туку и компјутерот, и несесерот, и детските играчки. (Цена: 1.200 евра).

 

4

SAINT LAURENT Cassandre

Модната блогерка ја носи малата верзија на овој модел на „Сен Лоран“ (Cassandre Small Tassel Bag), на која највпечатливо е YSL логото. Бидејќи брендот од 2012 година го користи само називот „Сен Лоран“, наместо целосното име на дизајнерот Ив Сен Лоран, моделот со старото лого наскоро ќе стане „класик пар екселанс“. И веројатно ќе чини многу повеќе од сегашната цена од 1.350 евра.

 

5

 PROENZA SCHOULER PS11

Кејт Босворт носи чанта од моделот PS 11 на дизајнерското дуо Проенза Скулер, верзијата за на рамо која стана многу популарна меѓу трендсетерките. Доаѓа во различни верзии и бои, а чини над 1.500 евра.

 

6

 SAINT LAURENT Cabas Classique Y

Уште еден модел од модната куќа „Сен Лоран“. Манекенката и блогерка Хусеин Иман носи верзија во зелена боја, а чантата со специфична тока во облик на буквата Y се продава во различни бои и материјали, како чанта за на рамо и во клач верзија. (Цена: од 1.790 евра па нагоре)

7

VALENTINO Rockstud Shopper

Веќе неколку сезони актуелни се чевлите и чантите на брендот „Валентино“ украсени со метални нитни, а еве ја Кејти Холмс во еден таков модел на чанти чија цена почнува од 1.390 евра.

 

8

 PRADA Saffiano Vernice

Чантите на „Прада“ секогаш привлекуваат внимание, а Џенуари Џонс избра модел од оваа серија во облик на пирамида. Токму овој модел чини вртоглави 2.400 евра.

 

9

SOPHIE HULME Armour

Дизајнерката во 2011 година стана сензација во светот на чантите, по што едвај успеваше да произведе доволно нарачки за лондонската стоковна куќа Selfridges, а најмногу беше барана tote-верзијата на овој модел. (Цена: „скромни“ 679 евра)

 

10

 MANSUR GAVRIEL Bucket Bag

Можеби името на овој дизајнер не ви е многу познато, ама холивудските актерки ги сакаат неговите креации. Пример е Кирстен Данст која носи модел на чанта од 460 евра, за која веќе постои листа на чекање.

Валентиноит-чантаКејт Босворткејти ХолмсОливија ПалермоПрадаПроенза СкулерСелинСен ЛоранФендичантиШанел
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 стилска листа

    СТИЛСКА СРЕДА: Седум win win стајлинзи

  • pernil (3) стилска листа

    Учиме скандинавски стил преку четири модни комбинации на Пернил Теjсбек

  • 1 стилска листа

    Пет јакни што треба секоја жена да ги има во гардеробата

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 3

    Црната боја е кралица на зимската мода – како да ја носите и да не изгледате монотоно

    јануари 22, 2021
  • WebinarD4C_Macedonia (1)

    Вебинар за циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

    јануари 22, 2021
  • 1

    Шик комбинации во чоколадни нијанси

    јануари 21, 2021
  • mirjana josifoska

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

    јануари 21, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics