Модната куќа „Сен Лоран“ и креативниот директор Ентони Вакарело го претставија новото промотивно видео посветено на машката и женската колекција за сезоната есен-зима 2017/18. Снимено во Токио, илустрира едно поинакво и електрично патување низ градот, со гејши и самураи, неонски светла и карактеристични хотели со капсулни соби. Во видеото означено со #YSL10 се појавуваат моделите Мика Арганазас, Ања Рубик, Адит Акеш, Далибор Урошевиќ и Пол Маниез, а во позадина се слуша рецитирање на поемата „Нејзиниот глас“ од Оскар Вајлд.






























Нема коментари