• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
гастрономија 0

Вински експерти, амбасадори и љубители на виното го одбележаа Св.Трифун во „Стоби“

Од stylist @StylistMKD · На февруари 14, 2017

stobi2
Стотици гости меѓу кои и амбасадорите на Холандија, Италија и Унгарија, претставници од бизнис – секторот, вински витези и експерти денес присуствуваа на свечената прослава на празникот Св.Трифун во винаријата „Стоби“. Настанот почна со литургија и закројување на лозите по што следуваше музичко шоу на кое присутните дeгустираа ексклузивни вина од богатата палета на една од најголемите винарии во Македонија. На прославата настапија: триото на реномираната џез-пејачка Марија Димитриевиќ; новата надеж на домашната сцена Антониа Гиговска која беше и финалист на шоуто „Пинкови ѕвезди“ и џез-бендот „Д свингерс“. На денешниот настан ексклузивен гостин беше и претставникот од компанија Schermer од Холандија која воедно е првата дистрибутерска фирма со која „Стоби“ има потпишано договор.

stobi1

Прославата на Св. Трифун е заокружување на регионалната промоција на ексклузивните вина од линијата Private Reserve. Оценувајќи ја изминатата година како успешна, менаџментот на „Стоби“ се надева дека и во 2017 ќе продолжат да се развиваат со исто темпо.
- На крајот на 2015 година промовиравме нови премиум вина и минатата година бевме фокусирани на нивно претставување во земјава и во странство. „Акација“, „Аура“, „Аксиос“, „Аминта“, „Вердо“ и „Веритас“ се „најдоброто од најдоброто“ создадено од стручниот тим на винаријата и задоволни сме дека наидоа на одличен прием од вљубениците на виното, како и од енолозите и винските стручњаци – објаснува Ана Јорданова, главен вински уредник во „Стоби“.

stobi3

Лани беа организирани настани во Србија и Босна каде се дегустираа новите вина на „Стоби“, заедно со македонски специјалитети подготвени на модерен начин.
- Концептот не беше да го понудиме најдоброто од нашата винарија туку од нашата земја и тоа пред одбрана публика. Миксот на нашето вино и вкусната храна се покажа како добитна комбинација. Минатата година учествувавме и на повеќе натпревари на кои добивме повеќе пофалници и медали, но најдраг ни е златниот медал за црвеното вино „Аминта“ на престижниот BIWC (The Balkans International Wine Competition) – појаснува Јорданова и додава дека денешната прослава е можност да ги соберат сите свои соработници и пријатели на исто место, да го одбележат Св. Трифун и да посакаат и 2017 да им биде исто така бериќетна.

stobi4

„Стоби“ е модерно конципирана македонска винарија, лоцирана во општина Градско, веднаш до античкиот локалитет Стоби, од каде што го добива и своето име. Произведува повеќе од 15 различни типови на вино од кои дел се продаваат и на европскиот и американскиот пазар.
Севкупниот капацитет на „Стоби“ е 4,5 милиони литри висококвалитетно македонско вино годишно, распределено во 4 категории – премиум, елит, класик и традиционални. Производството се базира исклучиво на сопствените лозови насади, кои се простираат на површина од 600 хектари.

Ана ЈордановаВинаријата „Стоби“ГрадскоМарија ДимитриевиќСв. ТрифунСтоби
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1000001178 гастрономија

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

  • Christmas гастрономија

    Празнично загревање со божиќен пунч

  • online-wine-map гастрономија

    Изработена првата дигитална мапа на 250 винарии во Македонија

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics