Овие празнични денови славете со овој традиционален пунч на база црно вино, рум и портокал, со кој ќе ги одушевите семејството и гостите. За подготовка ви се потребни еден литар црно вино, пет децилитри кафен рум, 500 грама шеќер, еден портокал, пет децилитри црн чај, еден лимон, и каранфилче и цимет по вкус.
Сварете го чајот. Дел од портокалот исецкајте го на кришки, а остатокот исцедете го заедно со лимонот. Во тенџере ставете го виното, чајот, сокот од лимон и портокал, потоа парчињата од портокал, циметот и каранфилчето, и сето тоа варете го на тивок оган, но внимавајте да не зоврие. Кога пијалакот е загреан го ставаме во стаклен бокал или некој друг широк огноотпорен сад за служење. Со кутлача земете повеќе шеќер (преостанатиот шеќер додадете го во пунчот), и држете ја над бокалот, натопете го шеќерот со рум и внимателно запалете го. Додека сè уште гори шеќерот и румот полека додавајте ги во пунчот. Сето тоа заедно се меша, оганот се гаси, додадете го остатокот од румот и оставете го неколку минути да слегне. Украсете со парчиња портокал и уживајте!
Нема коментари