Заради ужасната трагедија која се случи утрово во Република Бугарија и во која животот трагично го загубија наши сонародници, ве известуваме дека концертот “Freddie Mercury Tribute” кој требаше да се одржи утре (24.11.2021) во Македонската Филхармонија, се одложува за вторник (30.11.2021) во 20:00 часот.
Билетите ќе важат за концертот. Сите што не се во можност да присуствуваат, можат да ги вратат билетите, со праќање на маил на contact@bileti.mk или на contact@bagicommunications.com.mk.
Баги Комуникации упатува искрено сочувство до семејствата на настраданите во големата трагедија. Нема зборови со кои може да се опише тагата за изгубените животи. На повредените им посакуваме брзо закрепнување а на семејствата на загинатите сила во овие тешки моменти.
Ова се денови на молк, тага и сочувство!
Нема коментари