• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Модната дизајнерка Олгица Ѓоргиева искреира костими за балетска претстава во Љубљана

Од stylist @StylistMKD · На септември 22, 2021

image9 (1)

 Креативноста нема граници, може да има само предизвици

Покрај модни колекции дизајнерката Олгица Ѓоргиева последниве години се занимава и со костимографија за театарски претстави, новиот креативен предизвик го почна пред три години кога ѝ било понудено да работи костими за балетска претстава „Електра“, во Грција, последната костимографија ја направи за балетска претстава „Ајде на валцер“ во Словенската опера и балет во Љубљана, која што премиера имаше на 28 август годинава. За процесот на соработка со странски театарски куќи, за работењето во доба на корона, за претставата во Словенија, како и за тоа кога можеме да очекуваме модна колекција, дизајнерката Ѓоргиева раскажува во следниов нејзин есеј:

„Уживам и ми е интересен целиот процес како се развивам јас како уметник. Благодарна сум за сите искуства кои се најдоа, ќе се најдат или се на мојот животен и уметнички пат. Мојата официјална професија е моден дизајнер и тоа ќе си остане како паралелен пат со мојот живот. Тоа е работата во која што уживам и би сакала да ја негувам и зачувам засекогаш. Но уметноста нема граници и се што денес се случува на мојот професионален-уметнички пат јас на тоа гледам како надоградување на мене како професионалец. Дефинитивно ме прави побогата за различни животни, професионални и уметнички искуства. Во колку повеќе искуства се втурнете толку повеќе ќе се осознаете себе си и својата вредност.

image5 (2)

Пред 3 години ми беше понудено да работам костимографија за балетска претстава „Електра“, во Грција. Тоа беше моето прво театарско искуство, во кое се покажав во одлично светло. Претставата помина одлично, а јас ги добив сите пофални зборови за костимите. Благодарение на добро завршената работа следуваше понудата за костимографија за балетската претстава „Амадеус“ во Австрија. Тоа беше претстава која шеташе низ повеќе земји (Австрија, Германија, Унгарија, Италија, Хрватска, Србија). После оваа претстава следуваше покана за работа на балетска претстава „Ајде на валцер” со Словенската опера и балет.

И покрај тоа што сите сме на некој начин погодени од новонастанатата состојба со короната, особено модниот бизнис, јас никогаш не сум била песимист по природа, па така ја прифатив и оваа животна ситуација. Во целото ова време додека трае короната јас голем дел од времето го поминав надвор од нашата држава. Бев 3 месеци во Австрија и цела година на релација Скопје-Љубљана (патував за потребите на претставата во Словенија). Горда сум на овој проект. Премиерата помина прекрасно. Претсавата беше вистински успех, тоа го потврди и генералниот директор на Словенската опера и балет, а и публиката која имаше можност да ја погледне претставата. Стоевме многу долго на сцена со громогласни и долги овации. Среќна и благодарана сум што овој проект влезе во моето “CV”. Сега се на ред наредни предизвици. Најбитно од се е да се ужива во се што се прави.

image8

За претставата во Словенија

Проектот траеше една година, целиот процес на организација, подготовка и реализација. Работев со државна, интернационална театарска куќа и искуството е непроценливо. Секако дека тоа стави печат на мене како дизајнер, а во случајот како костимограф. Фактот дека јас како дизајнер, кој го поминал секој процес на создавање и креаирање, беше олеснителна околност затоа што процесот во Словенското ателје одеше многу лесно. Уживањето беше обострано. Тоа ми беше пренесено од самите вработени во Операта и балетот. Понекогаш ни се чини дека некои процеси од нашата работа, ни се потребни или пак не сакаме да ги правиме, но на крај, цело е кога има се! Тоа си го потврдив и сама на себе си реков Благодарам! Благодарам зошто бев упорна, истрајна, трпелива, посветена, верував во своите соништа и кога било најтешко, едноставно останав доследна на сама себе. И сето ова го пишувам со цел да мотивирам нови, помладни уметници кои сега започнуваат да ги одат своите соништа… Сите имаме свои патишта, но се е возможно ако се вложи време, емоција и енергија.

Тимот со кој работев на претставата беше интернационален. Станува збор за околу 50-тина костими. И покрај тоа што претставата беше валцер, барањата на режисерот беа да биде тоа микс од  елеганција и модерно. Идејата за костимите произлезе од ентериерот на Словенската опера и балет во Љубљана. Ентериерот беше цел во златно со златни детали и одредена приказна. Јас искористив орнаменти од ентериерот и ги претворив во стилизирани детали кои ги вградив во костимите. Исто така и логото на нивната куќа го ставив во главниот костум. На крај заедно со сценографијата која исто беше главно во златна боја, доби една компактност која даваше прекрасен визуелен ефект. Јас и како дизајнер сум позната дека вметнувам доста детали во своите креации, така да и овде ставив дел од мојот личен печат. Ова интересно професионално искуство го затворив, со една прекрасна емоција и енергија и сум подготвена за наредните предизвици кои доаѓаат. Цело мое досегашно искуство го собрав на едно место и во наредниот период  верувам дека ќе работам и функционирам со малку поинаков концепт. Сега малку ќе се посветам на дизајнерската работа и секако повторно сум отворена за нови искуства од доменот на костимографијата.

image3 (1)

Во изминатата година, освен проектот во Љубљана, пуштив линија на маички и  исто така реализирав еден мој многу драг проект, а тоа е линија на ташни за која наскоро следува проширување.

Ташните се нешто што од секогаш сакав да ги направам, но некако не успевав да ја затворам целата приказна. Одкога си ги нјдов идеалните луѓе за тоа, успеав и да го реализирам. Многу им се радувам, направени се со љубов. Идејата е е од една моја Јапонскамарама која ја имам добиено на подарок и е стара 50 години. Толку многу ја сакав што некако сакав да и го продолжам векот. Во еден многу обичен момент ми дојде идејата да испринтам материјал од самата марама и да изработам ташни. И мислам дека не згрешив. Станува збор парче кое е  уникатно, елегантно, модерно, романтично но во исто време шик. Лесно прилагодливо, но и воедно дава уникатен изглед на самиот стајлинг. Со сигурност ќе ја продолжам и ќе ја проширам таа приказна.

Во моментот спремам мини колекција која е прилагодена за моменталните потреби и уште една нова приказна со интересен концепт која би требало да биде готова за од прилика еден месец“.

Photo: Darja Štraus Tisu / SNG Opera in balet Ljubljana

image2 (1)

image14

image4 (2)

image1 (1)

image12

image6 (1)

image10

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • hm моден монитор

    H&M доаѓа во Тетово на 17 јули

  • 1 моден монитор

    Белата маица евергрин во модата

  • 1 моден монитор

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • hm

    H&M доаѓа во Тетово на 17 јули

    јули 8, 2025
  • 1

    Белата маица евергрин во модата

    јули 8, 2025
  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics