• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

Од Катерина Трајановска · На март 12, 2025

0

Модниот дизајн и креирањето костими за театар често се испреплетуваат, тоа добро го знае и применува нашата модна дизајнерка Олгица Ѓоргиева која повторно модните писти ги замени за театарските штици и неодамна изработи костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Романската опера и балет во Букурешт. За оваа претстава искреира костими со модернистички израз, а повеќе за целиот креативен процес, соработката со оваа романска балетска куќа, за импресиите после премиерата, дизајнерката Ѓоргиева зборува во оваа интервју. Зад себе има неколку костимографиски проекти, но ни откри дека е време за нова модна колекција и со една посебна енергија и мотивација се враќа на модната сцена.

1

Перидов повторно се ангажира на полето на костимографијата, минатиот месец се врати од Букурешт каде работеше во Романската национална опера, кажи ни повеќе за што станува збор…

- Станува збор за мојот најнов проект, костимографија за балетската претстава „Пепелашка“. После неколку интернационални проекти, „Пепелашка“ е мојот најнов проект на кој навистина му се радувам како уметник, дизајнер и секако од аспект на бизнис. На сето ова гледам како на едно патување, еден процес преку кој секако си го гледам и сопсвениот напредок и развој, во повеќе сектори од мојата работа.

Веќе неколку пати дизајнираше костими за балет, што осмисли за оваа балетска „Пепелашка“? Како изгледа Пепелашка во твојата визија, а како останатите ликови?

- Со оглед на тоа дека станува збор за тимска работа, првичните насоки во однос на стилот и тематиката ги добивам од режисерот. Така што станува збор за една модерна Пепелашка, со една малку видоизменета верзија на приказната која ние ја знаеме. Прилагодена на времето во кое живееме. Костимите исто така претрпеа измени во однос на времето, така што постои некаков микс помеѓу старо и ново.

4

Повеќе преферираш покласичен стил на костими или предимно те привлекува модернизмот во костимографијата? За оваа „Пепелашка“ создаде костими со модерен израз, колку е тоа резултат на твојата инспирација, а колку на дадените насоки и концептот на режисерот?

- Немам никаков проблем да одговорам на дадена задача, меѓутоа ако треба да одберам, ми се допаѓа тој модернистички израз, некој микс кој што дава печат на одредено време, меѓутоа во исто време е соодветно за времето во кое што живееме. Во случајот, стилот на режисерот се поклопува со мојот, така што уметнички се најдовме на иста вибрација и иста идеја како треба да изгледаат костимите.

Интересно е што костимите за оваа претстава се создадени од материјали кои веќе постоле во театарот…

-Едно од прашањата кои ми беа поставени додека ја презентирав костимографијата е дали би користела материјали од нивниот магацин. Материјали кој останале од предходни претстави. Одржливата мода е едно од актуелните прашања што многу често се спомнува во нашето секојдневие, така што со драго срце одговорив, секако дека сум „океј“, дури и се радувам затоа што освен што ќе подготвиме прекрасна претстава, ќе бидеме корисни и за нашата животна средина и квалитет на живеење.

3

Со какво искуство се враќаш од Романската национална опера во Букурешт, во однос на целиот процес на работа со тимот и повторната соработка со режисерот Ренато Занела?

- Се враќам со прекрасно искуство! И покрај тоа што сега после неколкуте искуства на големи сцени, свесна сум дека сето ова ми следува, некој природен тек на човек кој си ја сака работата и си инвестира во работата, но секако во исто време не сакам да бидам неблагодарна! Навистина секој ден се потсетувам дека треба да бидам благодарна што ете во животот ми се појавила прилика каде што можам да растам како уметник и човек, секако! Соработката со самата куќа беше навистина прекрасна! Романската опера и балет е  голема и организирана куќа позади која стојат големи тимови, спремни за коплексни претстави кои имаат различни барања. Мене посебно ми беше интересен делот од мојата работа, ателјеата во кои поминував најголем дел од времето, Соработката со режисерот трае веќе осма година. Станува збор за уметници кои си ја почитуваат својата работа. И кои делат исти или сличен дизајнерски израз. За мене беше особено важно затоа што тој е човек со огромно искуство позади себе од кој што можеш да научиш многу!

2

Кои се импресиите по премиерата на претставата, како реагираше публиката и дали си задоволна од првичните реакции?

- Првичните реакции и критики се прекрасни! Публиката презадоволна! Претставата е ставена на репертоарот на Романската опера и балет. Еден од коментарите на еден од новинарите во Букурешт беше – Ако мислите дека станува збор за само една обична претстава, ќе погрешите. Прекрасна претстава во која многу акцент е ставено на емоцијата, претставена преку движењето на балетаните на сцена. Во балетот не постои зборување, јазикот преку кои разговараат е емоцијата и движењето.

После најновата театарска претстава, можеби е врема за нова модна колекција, дали размислуваш во таа насока?

- Дефинитивно е време за нова модна колекција! Посебно сум среќна поради тоа и со една посебна енергија се враќам назад на модната сцена! Мојата нова колекција е инспирирана од уметничка слика која сама ја изработив и од таму се разви цела идеја за колекцијата и новата линија на чанти. Многу креативни активности во периодот кој следува, навистина сум и мотивирана и инспирирана да презентирам една убава креативна приказна која ќе биде дел од приказната на моите клиенти и потенцијални клиенти.

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

Букурешткостимографијамакедонски дизајнериОлгица ЃоргиеваПепелашка
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

  • page0 5 интервју

    Интервју со модната дизајнерка Ивана Кнез: Тенка е границата помеѓу лудило и храброст овде

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics