Оливија Палермо повторно e модна инспирација со оваа безвременска комбинација што секој може да ја примени – бела кошула и фармерки. Во стајлингот оваа тренди девојка вметнала кошула со руска крагна, долги и нагласени ракави, асиметрична должина и карнер во долниот дел, заедно со фармерки со тесен крој. Комбинацијата е дополнета со чанта во неколку бои, елегантни влечки со украсна тока и очила за сонце. Оливија не разочарува со нејзиниот моден стил, а нејзините стајлини се лесни за копирање. Успешна и оваа нејзина, навидум едноставна, но доста ефектна комбинација.
Нема коментари