Оливија Палермо важи за модна инспирација и често „крадеме“ идеи од нејзиниот стил. Еве еден пример. Забележана деновиве на њујоршките улици, Оливија со стајлингот нè потсети на важноста на деталите во интензивна боја. Таа носи долго здолниште и кошула во неутрални тонови, но целата комбинација ја направила многу поинтересна со модните додатоци во јаки бои – ремен боја на циклама и тиркизно сина чанта. Стајлингот го дополнила со кадифени влечки со цветен дезен и шарена марама која ја ставила на лицето, односно врз заштитната маска.
Нема коментари