Оливија Палермо важи за модерна икона на стилот благодарение на елегантниот и софистициран изглед. Нејзиниот стил го следиме уште од серијата The City на MTV во која гледавме како работи кај дизајнерката Дајан вон Фустенберг, до денешниот ангажман како соработничка со разни брендови, а и самата стана дизајнерка.
Есенва ја видовме на модната недела во Милано, периодов често беше фотографирана како низ улиците на Њујорк го шета своето куче, па забележавме дека има страст за капути и смени разни модели од миниалистички до модели со повпечатлив дизајн. Покрај класичниот беж капут, Оливија есенва прошета и неколку карирани капути во интензивни бои, потоа модел во интензивно сина боја, но и во пастелно розова.
Нема коментари