Само неколку дена по појавувањето со макси бохо-фустанот од „Зара“, една од најубаво облечените жени, Оливија Палермо повторно одушеви со креација од овој шпански бренд за секојдневна мода. На настан во Њујорк носеше бел костум, порабен со црни ленти, во пижама стил со потпис на „Зара“. Стајлинот го заокружила со црни чевли на висока потпетица, часовник , маичка и бела плико чанта.
Не е тајна дека Оливија е фан на оваа етикета. Таа често на јавните појавувања, но и на приватни настани носи трендовско парче од „Зара“. Притоа моделте ги комбинира на свој начин, со креации од други брендови меѓу кои има и некои од високата мода. Често знае да повтори некоја креација воповеќе стајлинзи. Досега сме ја виделе со здолништа, шорцеви, панталони, фустани, палта , капути, како и чевли со високи потпетици, чанти и ѓердани од овој бренд, што повеќето можат да си го дозволат.
Секој модел со кој се појавила се популаризира меѓу купувачите и е меѓу најбараните. Со тоа што избира креации по ниски цени предивикува и големи внимание кај модните сајтови, кои се согласуваат дека за добар изглед не е потреебно да се носи многу скапа облека, туку дека важно е да се избере вистинската креација и да се направи креативна и успешна комбинација-нешто што одлично и оди од рака на Палермо. Ви претсавуваме дел од највпечатлвите стајлинзи на Оливија токму со креации купени од „Зара“.
Нема коментари