• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Орифлеим прослави 50 години постоење со 6.000 луѓе на отворено море

Од stylist @StylistMKD · На октомври 30, 2017

6 atina

Пред 50 години, полни со идеи, амбиција и самодоверба, Робер и Јонас аф Јохник ги напуштија своите работни места за да создадат компанија за козметика. Овие квалитети сѐ уште се дел од она што Орифлеим претставува денес – една од најголемите светски компании за убавина. Тие знаеја дека она што Орифлеим го нуди е премногу добро за да не успее и силно веруваа дека секој заслужува успех – не само неколку привилегирани. Едноставно, Орифлеим им нуди можност на луѓето да ги исполнат своите соништа и да ги променат животите и на другите.

Двајцата браќа и ден-денес гледаат нови можности во секој предизвик. Тие признаваат дека една од причините за тоа е нивниот натпреварувачки дух. Исто така, тоа има огромна улога и во успехот на Орифлеим. „Секогаш се боревме за она во кое верувавме“, вели Роберт.

1 Oriflame day V-1

Орифлеим за кратко време стана магнет за оние кои сакаат да направат позитивни промени во својот живот и во животот на другите. Токму овие луѓе станаа симбол на успехот во Орифлеим. Орифлеим Консултантите веќе 50 години уживаат во успехот на својата работа. Колку поголем успех забележуваат, вклучувајќи ги новите лидерски титули, толку повеќе се чувствуваат како дел од топло и грижливо семејство.

Јонас и Роберт се горди што се сведоци на позитивните промени во животот на луѓето. „Она што нѐ прави најсреќни се животите на луѓето кои ги променивме. Тоа е прекрасно чувство“, вели Роберт. „Оваа бизнис можност им овозможи на многу млади луѓе да ги исполнат своите соништа – да им обезбедат добро образование на своите деца, да изградат успешен бизнис и да имаат поубав живот.“

2
Оваа година беше многу возбудлива за Орифлеим! Започнавме со прославата на нашиот 50-годишен јубилеј во Мајами, а тоа го заокруживме на многу специјален и уникатен начин. Орифлеим секоја година организира Златна конференција на различни дестинации за своите најуспешни соработници, а овојпат приреди вистински спектакл.

Два од најголемите бродови во светот – СИЛУЕТ и РЕФЛЕКШН беа домаќини на околу 6.000 луѓе, 8 денови, повеќе од 60 националности, 4 градови, 3 земји – за заедно да прослават 5 децении исполнети со страствена работа и успех! Ова е најголемата и најлуксузна конференција која некоја компанија за козметика ја има организирано досега!

23023433_10155634218260049_1676705968_n (1)

Претставници на Орифлеим Македонија дел од големата прослава

Во текот на Крстарењето, тие не само што посетија прекрасни дестинации во Медитеранот, туку и поминаа возбудливи денови на море! Далеку од брегот, нивното време беше исполнето со инспиративни бизнис-состаноци, напредни предавања, спектакли, велнес-активности и многу забава. Тие исто така имаа и време да се опуштат покрај базенот, во фитнес-центар или на спа.

Двата крузера пловеа еден покрај друг и постојано беа надлетувани од 2 Орифлеим авиони кои правеа различни атракции за нашите соработници.
Агендата беше богата и интересна со пристигнување во три земји: Италија, Грција и Турција. Рим и Атина се познати по своето историско значење, врвната храна, првокласниот шопинг и инспиративните знаменитости. За разлика од нив, Миконос и Кушадаси нудат топли плажи, весела атмосфера и прекрасен, елегантен пејзаж. Нашите соработници си поминаа прекрасно истражувајќи ги овие неверојатни градови и создавајќи нови спомени. Тие се нашите амбасадори на позитивните промени и ние сме среќни што ја прославуваме оваа важна годишнина заедно со нив. Без нивната бескрајна страст и дух, ништо од ова немаше да биде можно.

3 santorini

Ова патување како од бајките започна со испловувањето од пристаништето во Италија. Учесниците имаа можност прво да се запознаат со магијата на Рим каде токму нивната прекрасна седумдневна авантура започна. Следуваа уште 2 пристигнувања на пристаништата во Грција и Турција.

Третиот ден следуваше посета во белиот рај на срцето на Киклада – прекрасниот остров Миконос. Орифлеим соработниците од целиот свет ги открија уличките на овој живописен остров, ги пробаа неверојатните грчки деликатеси, уживаа во новите пријателства и размена на своите работни искуства. Ова со сигурност беше ден што ќе се памети!

22901573_10155634218255049_962812532_n

Потоа следуваше нешто незаборавно во Кушадаси. Како што бродот се приближуваше до пристаништето – така можеше да се види дека на најпознатиот рид во самото пристаниште е испишано името ОРИФЛЕИМ со огромни букви што се гледаат од далеку – нешто со кое мора да се пофалиме. Овде Орифлем со своите вработени остави посебен печат – во соработка со локалните власти, во селото Киразли Орифлеим засади 1.000 стебла маслинки со желба да остави позитивно влијание на природната средина и на идните генерации. Потоа следуваше запознавање на Ефес и Кушадаси, а многу од нас посакаа да се задржат овде и ден повеќе.

1

Зедништвото, духот и страста беа почувствувани и во Олимписката арена во Атина. Овде се одржа Орифлеим Бизнис-дефилето кое беше инспирирано од 5 децении ипсолнети со успех и каде беа претставени идните планови за патот до успехот.

За крај на ова уникатно и неповторливо крстарење Орифлеим организираше гала-вечер каде беа наградени најуспешните Лидери, каде присутните можеа да ги споделат своите впечатоци и каде отворивме ново поглавје – наредните 50 успешни години!

4 mikonos

Oriflame day V-225

5 kushadasi

Oriflameјубилејкозметичка компанијакрстарењеОрифлеим
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025
  • esenski bazar

    Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

    октомври 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics