КСП ПОДИУМ – Јадро организира работилница за изработка на оригами во која деца од сите возрасти ќе имаат можност да се запознаат со традиционалната јапонска вештина оригами, ќе дознаат повеќе за историјата на оваа техника, и секако ќе се забавуваат. Работилницата ќе се одржи во петок, 3 септември, со почеток во 18 часот, во парк „Полана“ во Кавадарци, а менторка е Афродита Николоска.
Оригами („превиткана хартија”) е јапонска техника на виткање и обликување на хартија, одличен вид на ракотворба погодна и за деца и за возрасни. Оригами е магија, уметност и секако игра. Цел на оваа едукативна работилница е да се развие креативноста и моторните движења кај младите, тренирање на меморијата и логичното размислување, учење да го концентрираат вниманието.
На оваа работилница децата ќе научат да изработат оригинални фигури и форми од хартија – животни, цветови, декоративни предмети, ќе добијат шема со детална инструкција од оригамите кои ќе ги изработат и мали поклони од организаторите.
Нема коментари