Вечерва, 4 април, во Македонскиот народен театар со почеток во 20 часот се отвора 14-тото издание на „Танц Фест“
Отворањето на овогодинешниот „Танц Фест“ е во знакот на танцовата претстава „Орландина“, посветена на познатата словенечка танчерка Росана Хрибар, а инспирирана од романот „Орландо“ на Вирџинија Вулф. „Орландина“ е така насловена од страна на кореографката Рисима Рисимкин, уметничкиот директор на Скопје Танцовиот Театар. Претставата е интимна приказна на танчер, раскажана преку видогледот на три силни жени од различни културни, политички и временски периоди: Вирџинија Вулф, Рисима Рисимкин и Росана Хрибар. На претставата работи и композиторот Тони Китановски, кој направи нова, оригинална музика, како и извонредниот Алан Хранитељ, костимограф и моден дизајнер со светска кариера, кој меѓу другото работел за Јосипа Лисац и за „Curque du Soleil“.
На оворањето покрај „Орландина“ ќе биде прикажана и кореграфија на младата кореографка Адријана Данчевска со Скопје танцовиот театар, под наслов „Д.О.Л:“, на оригинална музика на Александар Гроздановски, со која ќе биде прославен седмиот роденден на единствената современа танцова компанија во Македонија.
Нема коментари