Музичарите од „Летечки пекинезери“ беа едни од најзаслужните посетителите да уживаат во отворањето на новата скопска кафетерија Coffee Factory на улица Македонија. Не помалку херои на денот беа и професионалните баристи, кои им овозможија на посетителите да дегустираат оригинални вкусови кафиња, кои пред нивните очи ги подготвуваа. Процесот на подготовка беше интерактивен и во него учествуваа самите баристи и посетителите, кои одбираа со каков вкус сакаат да биде направено кафето, а во тоа можеа и директно да се уверат.
Се разбира кафето е уште повкусно кога може да се комбинира со слатки задоволства како cinnamon rolls, chocolate chip cookies, мафини, apple crumble pie… кои совршено се вклопуваат со кафето, и за кои е најзаслужна Софка Камилоска, која е шеф на кујната во кафетеријата. Покрај овие задоволства тимот на Coffee Factory го воведe и кралот на бранчот или добро познатиот „Eggs Benedict“ во придружба на неговите исто така добро познати другари „Eggs Florentine“ и „Eggs Royal“. Во витрините има место и за уникатните сендвичи и совршено крцкавите „Pannini“.
На отворањето продефилираа многу препознатливи ликови од скопската политичка и културна сцена. Од денеска, па натаму кафетеријата е отворена за сите сладокусци на доброто кафе.
Нема коментари