• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Отворена најголемата книжарница во Македонија – Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“

Од stylist @StylistMKD · На мај 21, 2020

literatura superstore (14)

Со концерт на ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ТРИО, кој можеше да се проследи онлајн преку социјалните мрежи, вчеравечер (20.05.2020) свечено беше отворена новата суперпродавница на „Литература.мк“ – Literatura.mk Superstore, во соработка со „Скопје сити мол“.

Станува збор за најголемата книжарница во Македонија, со површина од 500 м², која има богата понуда на книги за сите генерации на неколку јазици, програма за подароци, канцелариска и училишна опрема, играчки и кафе-бар. Суперпродавницата е сместена на вториот кат на „Скопје сити мол“, на местото на некогашната игротека, на неколку метри од досегашниот продажен простор на „Литература.мк“. Ова е седма книжарница на „Литература.мк“, по веќе препознатливите продажни места на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“, Градски трговски центар (ГТЦ) и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и на „Широк сокак“ во Битола.

literatura superstore (13)

– Многу сме горди и среќни што конечно сме во можност да ја отвориме нашата суперкнижарница. Во новиот продажен простор „Литература.мк“ ги носи светските книжарски трендови, задоволувајќи го вкусот и на најпребирливите вљубеници во книгата. Во соработка со „Скопје сити мол“ развивме прекрасно дизајниран простор, по терк на најубавите книжарници во светот. Овој простор го нарековме суперстор (суперпродавница), а се надеваме дека еден ден ќе имаме и мегастор во Скопје. Во продавницата се застапени најбараните светски и домашни наслови од „Арс Ламина“ и од другите издавачки куќи кај нас. На едно место е собрана најквалитетната модерна книжевна продукција, голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, на повеќе јазици. Во неа, покрај книгите, застапени се многу други содржини: канцелариски материјал, училиштен прибор, дидактички и едукативни и изданија, но и помагала за уметност и дизајн, како и рачни изработки и играчки за деца. Посебен акцент е ставен на гифт-програмата, во која, покрај производите од брендот „Скрипти“, можат да се најдат и луксузни подароци, дизајнерски производи за во домот и за во канцеларија. Еден од најзначајните новитети е кафе-барот, каде што ќе може да се испие добро кафе и да се прочита убава книга. Тука ексклузивно ќе биде застапено едно од најдобрите кафиња – „Кафе Италија“ (Café Italia). Кафе-корнерот ќе биде во функција кога ќе има дозвола за работа на локали од ваков вид во затворени трговски центри. Се надевам дека ќе заживее овој простор, па ве поканувам, кога ќе можете, во рамките на препораките за посета на простории од ваков вид, да ја посетите суперкнижарницата и заедно да бидеме дел од оваа успешна приказна – истакна Дарко Фиданоски, кој заедно со Слободан Голубовски се основачи на „Литература.мк“.
literatura superstore (1)

Свеченото отворање на Literatura.mk Superstore го одбележа ексклузивниот настап на македонскиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски, придружуван од неговиот син Јан Стефановски на тапани и младиот басист Иван Кукиќ. Концертот можеше да се проследи онлајн, преку профилите на „Литература.мк“ на „Фејсбук“ и на „Јутјуб“.

– Честитки за овој прекрасен простор. Како музичар морам да потенцирам дека има одлична акустика, како да се наоѓаме во музичко студио. Голема чест и задоволство ни е што со мојот состав учествуваме во отворањето на суперпродавницата. Им честитам на основачите и на вработените за одлично сработеното и за храброста да отворат ваква книжарница. Изгледа светски и изгледа импозантно – истакна Стефановски.

literatura superstore (5)

Тој додаде дека изминатиот период работи на својот нов албум „Тафталиџе шафл“, на кое ќе гостуваат звучни музички имиња од регионот, како Васил Хаџиманов и Тихомир Поп Асановиќ. Откри и дека во моментов ги пишува своите мемоари.
– Го пишувам она на што се сеќавам, проверувам по архиви и се консултирам околу некои факти и податоци… Претпоставувам дека читателите најмногу ќе ги интересира мојот приватен живот. Ќе биде интригантно за публиката да прочита што сум доживеал. Засега, мемоарите се фајлови и не знам дали тоа ќе прерасне во книга. Би сакал да ги поздравам сите што ќе го проследат концертот во живо преку директниот пренос на социјалните мрежи, но и тие што ќе го погледнат подоцна, на снимка. Морам да признам дека со моето трио многу сме расположени за свирење, бидејќи два месеца сме немале настап. Се надеваме дека наскоро ќе има услови да свириме пред публика, а дотогаш ќе се потпреме на новите технологии – рече гитарскиот виртуоз.

literatura superstore (8)

Концертот почна со инструментална изведба на „Македонско девојче“ и „Си заљубив едно моме“, а ги свиреа и „Сеир“, „Вера надеж љубов“, „Калајџиско оро“, „Gipsy song“, „Јовано, Јованке“ и „Скопје“. Свирката заврши со антологиската нумера „Бистра вода“, која ја посветија на сите здравствени работници. Концертот може да се погледне на следниот линк: https://youtu.be/RVEPKTlpsX8.

Новата суперпродавница на „Литература.мк“ е дел од големиот двегодишен проект на „Скопје сити мол“, кој почна во октомври 2019 година, сè со цел збогатување на содржините и подобрување на понудата што им ја нуди на своите посетители.

По повод официјалното отворање на книжарницата, во тек е промотивна акција со 30 % попуст на сите изданија на „Арс Ламина“ и подарок-книга за секоја сметка до први јуни (до исцрпување на резервите). Продажниот простор на „Литература.мк“ работи согласно работното време на „Скопје сити мол“, од 10 до 18 часот (понеделник-сабота).

literatura superstore (6)

literatura superstore (12)

literatura superstore (11)

literatura superstore (15)

literatura superstore (9)

literatura superstore (10)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ културен водич

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

  • ??????????????????????? културен водич

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

  • zizel културен водич

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics