Креации од познати македонски дизајнери и брендови на облека и накит ќе може да се најдат во новата мултибренд продавница Wonderlust во Скопје. Во локалот, кој ќе биде отворен вечерва во 21 часот, ќе бидат застапени модели од Јована Филиповоќ, LUDUS, Eklektika jewelry, Melani Digit, Evee и Pray eyewear. Wonderlust наоѓа на улица Македонија, веднаш до ресторанот на ТВ21, а покрај продажбата на дизајнерски парчиња ќе функционира и како бистро. На отворањето ќе настапи скопскиот состав Eye Cue -како бренд-амбасадори на Wonderlust, а потоа ќе има диџеј сет на Андреј Мицајков.

Во продавницата ќе бидат застапени модели од Јована Филиповоќ

Дизајни од LUDUS

Накиот од Eklektika jewelry покрај во продажниот простор во Старата Скопска чаршија , сега ќе може да се купи и во Wonderlust
Нема коментари