• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Отворен 35. Меѓународен Саем на книга со богата програма и фокус кон нагласувањето на важноста на македонскиот јазик

Од stylist @StylistMKD · На мај 5, 2023

10_Отворен Саем на книга 2023

Секој саем е важен и со своја убавина, но јубилеите секогаш се очекува да се во посјајно издание. 35. Меѓународен Саем на книга и официјално е отворен, а оваа година оваа омилена културна манифестација за многумина и не е изненадување што со својот старт ги исполнува сите очекувања на љубителите на пишаниот збор – и тоа со официјално започнување на најбогатата програма во својата историја.

-Оваа година, чест ни е што јубилејно ја одбележуваме 35-годишната традиција на најочекуваниот саем – Саем на книга. Оваа културна манифестација, којашто е од голема важност, оваа година најголемиот фокус го има насочено кон нагласување на важноста на мајчиниот македонски јазик. Културното наследство, коешто ни го имаат оставено безвременските легенди во македонската книженост – должност ни е да го зачуваме за сите нас, како и за сите идни генерации. Од денес сѐ до 10 мај, секој ден со почеток од 10 часот, над 60 домашни и странски издавачки куќи ќе ги претстават своите саемски понуди, со познати наслови од многубројни реномирани автори, на сите љубители на пишаниот збор. Овој саем мора да остане потсетник и синоним, да се чита со вистинска книга во раце. Не е случајно што мотото на годинешното издание на саемот е токму „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“. Истото е потсетник за најважната премиса во ова модерно темпо на живеење, – да не ја заборавиме најздравата навика на модерниот човек, а тоа е – читањето нови книги – изјави Даниела Глигоровска, управител на Скопски Саем, организатор на Саем на книга.

1_Отворен Саем на книга 2023

Во претстојните денови, започнувајќи од 4 мај, саемската арена, којашто е трансформирана во бајка од илјадници книги, е центар на многубројни средби со автори, потпишувања на книги, едукативни работилници, трибини, наградувања, притоа одбележувајќи ја важноста на читањето како навика, збогатувањето на личната библиотека, како и убавината на зачестениот афинитет да се подарува книга за разни поводи.

-Саемот за нас издавачите е посебно важен, бидејќи е место каде што се обединуваме со читателите. Каде што можеме да ја претставиме целата наша годишна програма и она за кое што работиме преку целата година. Ние како издавачи и времето го сметаме како период помеѓу два саеми. Во таа насока се и наградите на Македонската асоцијација на издавачи, кои што традиционално утре ќе ги додели наградите и признанијата за најдобрите изданија, најкреативните изданија, најдобрите автори, најдобрите и општествено одговорните издавачи. На тој начин ќе се обиде да работи на она на кое работиме како асоцијација, а тоа е да го подигнеме статусот на книгата на едно уште повисоко ниво. Тоа го правиме и преку учество во организацијата на саемот и оваа година. Заедно со организаторот работиме саемот да го направиме уште поквалитетен, со уште подобар избор на книги, со голем избор на настани – и во промотивниот центар, и на штандовите. Одговорноста е голема бидејќи над 30.000 луѓе ќе бидат тука овој период. Успехот го броиме и преку реакциите на читателите, нивните сугестии, забелешки, критики, пофалби – додаде Бојан Саздов, претседател на МАИ – Македонска асоцијација на издавачи.

3_Отворен Саем на книга 2023

Годинешното издание на Саем на книга ќе трае цели седум дена, од 4 до 10 мај 2023 година, во Арена – Борис Трајковски во Скопје, со работно време секој ден од 10 до 20 часот. На последниот ден, на 10.05.2023 година, саемот ќе биде отворен сѐ до 18 часот.

Споделувајќи пред присутните искуство од една своја посета во Париз во Франција, наградуваниот академик Влада Урошевиќ изјави: „Промените ми ја покажаа положбата во која се наоѓа денес книгата и сето она што е поврзано со неа. Несомнено овие промени се показатели на повеќе аспекти. Ја покажуваат немоќта на книгата, која како производ тешко може да се натпреварува со некои други стоки што повеќе се бараат. За време на оваа прошетка во Париз, во неуспешната потрага по некогашните книжарници, се прашував дали тоа значи дека книгата почнува да се повлекува пред наездата на општата комерцијализација на нештата? Дали е ова нејзин пораз пред некои други попривлечни и поефикасни облици на информации и комуникации? Дали можеби нејзиното место започнуваат да го земаат некои други медиуми?“.

Академик Влада Урошевиќ е познат по својата долга кариера и свој печат во сферата на македонската книжевност и зацврстување на културниот идентитет преку пишаниот збор.

4_Отворен Саем на книга 2023

-Книгите не се спалуваат толку често. Денес се рециклираат. Или благо речено, се повлекуваат од употреба. Дали навистина книгата во својот вообичаен облик ќе исчезне од животот на идните генерации? Јас искрено се надевам дека не – дополни Урошевиќ.

-Во пресрет на одбележувањето на 5 мај, Денот на македонскиот јазик, доволно е да се потсетиме дека од седум илјади јазици во светот, половина се исчезнати или се во опасност од исчезнување. Со нив исчезнал и мал универзум на мисли и чувства, но останале книгите, натписите во камен, на хартија и во други форми. Токму затоа со големо задоволство Ве поздравувам на почетокот на уште едно издание на Меѓународниот Саем на книгата, манифестација која во својата долга традиција, истрајно и во континуитет, укажува на неопходноста на книгата во нашето секојдневие и поширокиот општествен контекст. Поддршката на Саемот на книгата е од голема важност, особено во овој актуелен миг, кога некои податоци покажуваат дека помалку се чита, а ерата на дигиталната технологија ги навикна луѓето подолго време да минуваат пред екраните на паметните телефони, компјутерите и телевизорите. Сѐ почесто се среќаваме со поимот екранизам, кој е поврзан со негативното влијание на екранот врз мозокот, особено кај малите деца. Свесни сме за слабата концентрација на одредени активности, нешто што сериозно треба да нѐ загрижи. Од друга страна, на сите ни се познати многубројните и далекуопсежните придобивки од читањето како една од најосновните вештини што можеме да ги стекнеме како човечки суштества. Накратко, читањето е од суштинско значење за нашиот развој и среќа, како поединци и како општество. Затоа како љубители на книгите и на пишаниот збор, имаме обврска да ги унапредуваме состојбите и заедно да работиме на зголемување на интересот на читателската јавност за книгата како пишан медиум – изјави Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура на РСМ.

5_Отворен Саем на книга 2023

-Се радувам што и оваа година Саемот на книгата повторно ќе ни приреди голема прослава на книгата. Ова издание ни носи богати и разновидна програма со врвни домашни автори, многу гости од странство, преку кои се промовираат и културата и уметноста, се охрабрува дијалогот меѓу авторите и читателите. Им честитам на организаторите што по 35. пат ги обединија македонските издавачки куќи. Честитки до издавачите, кои многу посветено и со љубов издаваат квалитетни дела. Благодарност и до македонските автори, кои го чуваат македонскиот јазик и ја промовираат македонската литература дома и во светот. Министерството за култура, како и досега, така и во иднина ќе остане доследно на поддршката што како покровител ја дава за Саемот на книга, како и на поддршката на квалитетни дела од македонски автори и преводи на странски писатели. Посакувам да имаме успешно саемско издание со верба дека ги враќаме книгите во нашето секојдневние. Да се обврземе да читаме повеќе, да истражуваме нови идеи, да се произнесуваме интелектуално, да ја прифатиме трансформативната моќ на пишаниот збор -дополни министерката.

16_Отворен Саем на книга 2023

2_Отворен Саем на книга 2023

6_Отворен Саем на книга 2023

8_Отворен Саем на книга 2023

14_Отворен Саем на книга 2023

15_Отворен Саем на книга 2023

12_Отворен Саем на книга 2023

13_Отворен Саем на книга 2023

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ културен водич

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

  • ??????????????????????? културен водич

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

  • zizel културен водич

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics