Хотелот DoubleTree by Hilton Skopje, најновиот во синџирот луксузни хотели на реномираниот бренд, од 1 јануари официјално почна со работа и ги пречека првите гости.
Лоциран покрај кејот на реката Вардар близу мостот „Близнак“ во општина Аеродром, објектот се простира на пет ката со едно подниво и зафаќа површина од 25.000 метри квадратни.
За врвна услуга и топло гостопримство „Хилтон“ става на располагање 170 соби, 15 апартмани од кои еден претседателски од 260 метри квадратни, Euphoria Wellness & SPA модерен спа и фитнес центар од 1.400 м2, традиционална турска бања, сауна, џакузи и затворен базен, како и најмодерната Life Fitness опрема за вежбање, 6 конференциски сали, и една сала за свечености Diamond Ballroom, три ресторани. Хотелот располага со сопствен затворен паркинг простор за 150 возила, како и отворен паркинг за 200 возила. Хотелот нуди исклучителен панорамски поглед на градот, а за беспрекорен престој на гостите, ќе се грижат близу 200 вработени. На објектот интензивно се работеше две години и освен што е импонзантен однадвор, енергетски и еколошки е ефикасен и има врвно хортикултурно уредување. Целосната инвестицијата е вредна 50 милиони евра. Еден од лидерите во хотелиерската индустрија, „Хилтон“ досега беше присутен во 109 држави со вкупно 5.500 хотели, и во својата стогодишна историја има пречекано повеќе од 3 милијарди гости. Новата 2019 ја почнува додавајќи ја и Македонија на својата мапа, со најубавиот DoubleTree by Hilton хотел во светот.
View this post on Instagram
A post shared by DoubleTree by Hilton Skopje (@doubletreebyhiltonskopje) on
View this post on Instagram
A post shared by DoubleTree by Hilton Skopje (@doubletreebyhiltonskopje) on
Нема коментари