• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
уметност 0

Отворен повик за наградата ДЕНЕС 2022 за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка

Од stylist @StylistMKD · На март 18, 2022

Nagrada DENES

Факултет за работи што не се учат – ФРУ, Скопје во соработка со Центар за современи уметности – Скопје, мрежата „Награди за млади визуелни уметници“ (YVAA), Residency Unlimited, Њујорк, Trust for Mutual Understanding, Њујорк, го објавуваат Отворениот повик за наградата ДЕНЕС 2022 за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка во Северна Македонија до 35 години.

 Наградата ДЕНЕС се доделува на исклучителна и истакната тековна уметничка практика која подразбира критичко и естетско размислување и дејствување, како единствена награда за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка во земјава од овој вид. 

Оваа значајна и независна награда, која се доделува по шеснаесетти пат во земјава, подразбира двомесечна програма за престој на уметници во Њујорк во Residency Unlimited во 2022 година но и овозможува уникатно искуство на уметниците да бидат дел од специјално наменет едукативен процес во визуелната уметност, да имаат средби и презентации со интернационална жири комисија и да продуцираат ново дело, во рамки на изложба како финалисти на наградата.

Отворениот повик трае од 17 март до 30 април, 2022 година, резултатите за четворицата финалисти ќе бидат објавени на 5 мај, 2022 година.

Пријавувањето е на адресата: nagradadenes@gmail.com

Добитникот/чката на наградата ќе бидат соопштени на изложбата која ќе се отвори на 23 јуни, 2022 година.

Досегашни добитници на наградата ДЕНЕС се: Елена Чемерска, Верица Ковачевска, Зорица Зафировска, Иван Ивановски, Филип Јовановски, Велимир Жерновски, Илија Прокопиев, Кристина Божурска, Ѓорѓе Јовановиќ, Ана Ивановска, Борис Петровски, Атанас Ботев, Далибор Тренчевски, ОПА (Опсесивна посесивна агресија) и Славица Јанешлиева.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ – ПОРТФОЛИО

 

Портфолиото на уметниците треба да содржи:

1. Име, презиме, адреса, телефон, е-мејл на кандидатот;

2. Професионална биографија (на македонски и англиски јазик) – задолжително со година на раѓање! (до 500 збора);

3. Визуелен и/или видео материјал презентирајќи до 5 уметнички дела создадени во последните три години, дополнет со сите информации за делото во следниот редослед – наслов, година, техника, димензии, краток опис и каде било изложено. Видеата може да бидат презентирани и преку копирање на линк (во случај ако тие се ставени на YOUTUBE или VIMEO);

4. Кратка изјава за работата на уметникот/чката, неговиот/нејзиниот уметнички интерес и уметничка идеја на која работи во моментов на македонски и англиски јазик (до 500 збора);

Сите документи уредно треба да бидат доставени во електронска форма на мејлот nagradadenes@gmail.com

Нецелосните апликации, како и апликациите кои ќе бидат испратени по крајниот рок нема да бидат прифатени или земени предвид.

 

НАГРАДА ДЕНЕС – НАГРАДА СО ДВОДЕЦЕНИСКИ КОНТИНУИТЕТ

 

Во 1990 година Венди В. Луерс, основачка и директорка на Фондацијата за граѓанско општество, заедно со прецедателот Вацлав Хавел и група на уметници дисиденти најпрво ја основале наградата „Јиндрих Чалупецки“ во Чехословачка за да оддаде признание на уметничката изврсност на младите визуелни уметници, под 35 години, и за да им овозможи искуство на резиденцијален престој во САД.

Основачи на наградата во Македонија се Центарот за современи уметности – Скопје во соработка со Фондацијата за отворено општество во Њујорк, почнувајќи од 2002/2003 год. Од 2015 год. водството на организација и имплементација на наградата го превзема организацијата „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“. Првичното жири на наградата одлучи да ѝ го даде името по истакнатата уметничка група ДЕНЕС, која постоела во Македонија во периодот од 1953 – 1955 година.

Од 2015 год,  наградата се доделува секоја втора година на млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка до 35 години. Дополнително, меѓу-годината ФРУ ја организира дискурзивно – едукативната програма „Совршениот уметник“, курирана од Ивана Васева, составена од серија на настани со цел да се зајакне и поттикне знаењето на младите визуелни уметници во земјава.

Програмата или мрежата на награди за млади визуелни уметници (YVAA – https://www.yvaawards.org/) во текот на неколку години беше востановена како интернационална мрежа на слични награди со поддршка од американската фондација Trust from Mutual Understanding. Денес 12 европски земји се дел од оваа мрежа како: Чешка, Словачка, Хрватска, Косово, Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија, Бугарија, Унгарија, Црна Гора. Во 2015 година организацијата Residency Unlimited (RU) беше ангажирана како организатор на програмата и како домаќин на резиденцијалната програма во Њујорк.

Повеќе инфомации за критериумите за аплицирање: http://akto-fru.org/en/Критериуми-за-аплицирање_application-criteria/

Повеќе инфомации за процесот на избирање: http://akto-fru.org/en/Процес-на-избирање_selection-procedure/

За сите прашања можете да се обратите кај: Ивана Васева  ivana.vaseva@gmail.com или да ја консултирате веб страната: www.akto–fru.org

 

 

 

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ПОЗИВ уметност

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

  • msu уметност

    „МСУ – Скопје ремек дела за сите“, единствен македонски проект избран од „Фондот за културно наследство Хедли за Југоисточна Европа“

  • Prague-1 уметност

    По Кунстхале Виена, изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” се отвора во Прага

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • hm

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

    декември 4, 2025
  • mytime nikola ristanovski

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

    ноември 20, 2025
  • 1stefanija

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

    ноември 13, 2025
  • Фестивал на чај

    Од 14 ноември „Фестивал на чај“ под слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“ во Скопје сити мол

    ноември 12, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics