• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Отворени денови во „Мериот“ за сите што подготвуваат свадба

Од stylist @StylistMKD · На април 3, 2017

skopje marriott

Како се наближува сезоната на свадби, така расте и возбудата околу целата прослава. Каде да се организира, кој да се покани, што да се понуди, какво мени, торта, декорации, музика, гардероба, покани, фотографии… Кој организирал знае, кој не – со лесно! Толку многу прашања, но не и многу време.

Се стремиме кон совршеното, кон најдоброто. Ова е денот што го чекавме и за кој сонувавме уште од малечки. Си ја замислувавме најубавата свадба, во беспрекорен бел фустан, совршените чевлички и романтичен танц со нашата најголема љубов. Светлата се гаснат, а токму ние сме во центарот на вниманието и ја имаме главната улога. Да, ние! Идните невести. Ова е само наш ден и заслужуваме свадба од соништата. Па која девојка не го посакува тоа?

И сѐ е прекрасно, возбудливо, магично! Наближува денот кога ќе го кажеме судбоносното „да“ и вечно ќе ја крунисаме нашата љубов. Само кога би можело да биде малку помалку стресно! Само кога би имале повеќе време, или пак планер за свадби кој ќе ни ја олесни работата.

Но… можеби е и возможно. И тоа во нашиот главен град! Можеби има некој кој ќе ни понуди и врвна услуга и пристапна цена и магична атмосфера, и практични совети и сугестии. Разбравме дека Скопје Мериот Хотел организира бесплатни отворени денови и консултации во лобито на хотелот кој се наоѓа на Плоштад Македонија, и тоа секоја недела од 12 до 17 часот (со исклучок на Велигден) во текот на месец април.

Па ајде невести, старосватици, куми, мајки, баби и свекрви – што чекате?! Ако ништо друго, барем ќе добиете некоја идеја плус во однос на сите дилеми кои ве преокупираат. Што велите да ѕирнеме што нуди ексклузивниот Мериот и да дознаеме каква сезона на свадби подготвуваат? Доколку се прашувавте но не се осмелувавте да се информирате, цените не се недостапни, а планерот за свадби ви е на располагање за сите точки од свадбениот дневен ред. Ќе можете да ги погледнете поставеноста и аранжманите на масите, менијата и сите детали кои ве засегаат, а слушнавме и за специјално изненадување за сите посетители.

Сонувавме и сѐ уште сонуваме за совршен ден полн со еуфорија кој сите ќе го паметат. За искрени прегратки и солзи радосници на лицата на нашите најблиски. За незаборавни мигови кои создаваат спомени и иднина во која возбудени влегуваме. Сонуваме да понудиме уникатно и несекојдневно доживување, но понекогаш ни недостасува само вистинската информација во вистинско време. Но сега и тоа го знаеме. Првиот отворен ден беше на 2 април, па којзнае – можеби ќе ни се насмевне среќата или пак ќе добиеме инспирација во најмала рака. Поканети се сите! Па, што велите? Will you Marriott me?

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 животен стил со...

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

  • winter festival животен стил со...

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics