Стабилност, доверба, искреност, смиреност… тоа е она што ни треба и тоа е она што Институот за бои Pantone го препозна во нијансата PANTONE 19-4052 Classic Blue, односно класично сина, која што институот ја најави како боја за 2020 година. Сината боја е безвременска, елегантна и едноставна.
Нијансата што Pantone ја прогласи за боја на годината, не е светло сина, туку нешто „посилно“ сина, „стабилна нијанса која треба да обезбеди силен темел во времињата исполнети со вознемиреност“. Тоа е бојата на небото кога сонцето заоѓа, бојата на боровинка, бојата која што добро изгледа и на облеката во вашиот плакар и на предметите и на ѕидовите во домот.
„Живееме во време што бара доверба и верба. Тој вид конзистентност и самодоверба е изразена во пантон бојата 19-405 Classic Blue, цврста и сигурна сина на која секогаш можеме да се потпреме“, вели Лиатрис Ајземан, извршна директорка на институтот. Таа додава дека оваа нијанса на сина боја „нè тера да гледаме подалеку од очигледното“ и нè охрабрува да размислуваме. „Нè предизвикува да размислуваме подлабоко, да ја прошириме нашата перспектива и да комуницираме отворено“.
Pantone посочува дека сината околина ќе ви донесе мир и спокојство, но исто така ќе ви помогне да се концентрирате и да размислувате појасно. Од 2000 година Pantone бира боја која што најдобро ќе ја претстави годината пред нас и она кон што луѓето тежнеат, а која што подоцна се аплицира во модата, дизајнот на енериери, козметиката, продукт дизајнот и други области.
Нема коментари