Два познати бренда, Институтот за бои Pantone и онлајн маркетот за изнајмување сместување Airbnb, се здружија во проект на претсатвувањето на апартман во Лондон кој е најдобро опишан со бојата на годината Greenery (зеленило). Сместувањето е како да сте влегле во зелена градина, особено собата Outside In во која имате чувство како да сте надвор меѓу зеленилото во некоја шума.
Уште на влезот во сместувањето на Airnb и Pantone ве пречекува шумска атмосфера. Затворена стаклена градина служи како трпезарија, исполнета со полици со зелени тенџериња, чаши, прибор за јадење и градинарски растенија. Низ апартманот има шатори за деца, разни катчиња за релаксирање, спалната соба има тревник наместо килим, а купатило има изглед на тропска ботаничка градина.
Покрај тоа што е апартман за изнајмување, идејата на овој простор е да се претставо проект кој нуди интерактивно искуство (гостите можат да ги слушаат звуците на природата, да ги користат билките од ѕидовите, да се напијат чај од билките што сами ќе ги наберат, сами да декорираат цвеќиња во вазна, да дизајнираат колажи со листови), и во исто време поттикнува поврзување со природата, холистички поглед на патувањата и дружењето меѓу луѓето и секако да се прошири дијалогот за самоодржливи домови.
Нема коментари