Либанскиот дизајнер Ели Саб се стави во улога на моден авантурист и ја пренесе Индија во својата нова колекција на висока мода за пролет 2016, преку свилени панталони, болера и богато везени туники, драпирани фустани кои потсетуваат на сари, стотици метри тантела и свила, но и малку неочекувано – рамни сандали и чизми, а малите торбички кои висеа од ремените ја комплетираа силуетатат на авантурист во џунглата. Приказната е надополнета со светкави дијадеми и примамлива палета од розова, пурпурна и сребрено-сива боја.
За оваа колекција Саб се инспирира од дневникот на една млада анлиска девојка, Лајла Вингфилд, која пишува за своето патување во Делхи во 1911 година за да присуствува на собирот по повод крунисувањето на Џорџ V, како крал на Британската империја, затоа колекцијата комбинира викторијански и едвардијански елементи со традиционален индиски стил.
Нема коментари