Секоја нова ревија на „Шанел“ со посебна сценографија, а за прикажувањето на колекцијата за висока мода за есен 2018 креаторот Карл Лагерфелд избра амбиент на променада покрај Сена во Париз, покрај симпатичните штандови со стари книги и списанија. Моделите прошетаа во Гранд Пале, „покрај брегот на Сена“, облечени во твид комплети со изрези од страните на панталоните и горните делови, креации инспирирани од рок естетиката од 50-тите и фустани навезени со светкави камчиња и пердуви.
Нема коментари