Креативната директорка на „Живанши“ Клер Вејт Келер во својата втора колекција на висока мода за брендот се фокусира на модното наследство на основачот на оваа париска модна куќа, Ибер де Живанши. Во рамките на Париската недела на висока мода, „Живанши“ одржа модна ревија во градините на Националниот архив во квартот Маре, и е ова прва ревија на куќата после смртта на Ибер во март годинава.
На звуците на Moon River која ја пее Одри Хепберн, музата на Ибер де Живанши, манекенките ја почнаа ревијата полна со мистерија и старовремски холувудски гламур. Колекцијата се вика „Караман“ и содржи драпирани фустани, долги тоалети, крупни парчиња накит, елегантни наметки. Главни бои и се црната и белата, но се среќава и виолетова, сребрена, црвена и индиго сина, како и светкави камења и пулејки.
Келер во колекцијата успева да спои сила и романтика, две епохи, едната на Ибер, другата својата, својот со стилот на Ибер, и да покаже дека не се контрадикторни еден на друг. Во финалето на ревијата дизајнерката излезе заедно со 24-те мајстор кутуриери оддавајќи им почит на луѓето со кои работеше на колекцијата.
A post shared by GIVENCHY (@givenchyofficial) on
A post shared by GIVENCHY (@givenchyofficial) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари