• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Париска модна недела: Новиот сјај на старите модни куќи

Од Катерина Трајановска · На февруари 28, 2014

Во последниве две децении во модниот свет се случи ревитализација на старите париски ателјеа, некои основани во првата половина од минатиот век, преку ангажирање на дизајнери како креативни директори кои не само што повторно ги поставија на светската модна мапа, туку и го вратија стариот сјај на подзаборавените модни имиња и направија своевидно ребрендирање. Ова најдобро го илустрира растот на „Гучи“ багодарение на Том Форд, она што Марк Џејкобс го направи за „Луј Витон“ воведувајќи линија за облека, успешното работење на Никола Гескиер кај „Баленсијага“… Сега да се фокусираме на неколку од модните кужи кои ги носат имињата на своите славни основачи, и ќе ги погледнеме нивните нови колекции за есен-зима 2014/15 прикажани деновиве во Париз.

ЛАНВИН

Lanvin_RF14_header

Еден од најомилените дизајнери Албер Елбаз на чело на брендот „Ланвин“ е 13 години и за тоа време успеа модната куќа основана од легендарната Жан Ланвин а ја искачи на врвот на модниот Олимп. Неговиот стил е препознатлив, а облека забавна дури и кога во неа преовладува мрачно расположение, како што е случајот со оваа последна колеција. По минатосезонскиот акцент на металик-облеката, Елбаз сега предлага темна палета на бои, парчиња со нагласен волумен и задолжително украсување со впечатлив накит.

lanvin

Ревијата започнува со драматични модели од твид, здолништа со бујни карнери и шапки со реси, потоа шоуто се развива со кожни фустани, костими со нагласена половина и широки фустани украсени со монистра. Елбаз исто така нуди неколку модни решенија од крзно, како гломазни палта и луксузни столи.

БАЛЕНСИЈАГА

28fbal-A-master675

Со третата колекција на Американецот Алекандар Ванг за модната куќа основана од Шпанецот Кристобал Баленсијага многу поодлучно се позиционира како успешен играч за брендот и достојна замена за претходниот креативен директор на куќата, Никола Гескиер. Ванг сега претстави модерен гламур преку заоблена силуета во облик на кожурец, обилна употреба на патенти, парчиња кои се микс на кожа и плетенина, луксузни сиви џемпери со прекршена форма, спортски референци интерперетирани на луксузен начин. Ревијата ја затвори славната Жизел Буншен облечена во панталони со висок струк околу кој е формиран 3-Д детаљ и горен дел украсен со светкави елементи околу вратот. Супермоделката изгледаше како воин од иднината.

balensiaga

Брендот познат и по статусните чанти, сега преку Ванг предлага нови модели кои наликуваат на хартиена шопинг-кеса, ама се направени од луксузни материјали. „Ми се допаѓа идејата за едноставна шопинг-кеса направена од крокодилска кожа“, изјави дизајнерот по ревијата.

БАЛМАН

balmain

За модната куќа основана од Пјер Балман во 1945 година креира младиот Оливие Рустенг. Додека минатата сезона инспирација најде во стилот од 90-тите години, Рустег во колекцијата на „Балман“ за следната есен претстави помодерен пристап со племенски влијание преку тесни здолништа и јакни со нагласена половина инспирирани од милитаристичката облека. Кај блузите употребува пеплум крој, а ги комбинира со кожни панталони, нетранспарентни хеланки и здолништа со животински шари.

balman

Дизајнерот обрнува големо внимание на деталите и украсувањето, како на пример апликации од испреплетено јаже, чевли со потпетици од бамбус, гравури со сложени шари, додатоци како накит со племенско влијание, гломазни околувратници и обетки во облик на обрач.

КАРВЕН

udhasjhdj

Уште една париска модна куќа формирана во 1945 година од страна на Карвен Малет, повторно е актуелна последниве сезони. За „Карвен“ денес дизајнира Гилем Анри кој за колекцијата за есен-зима 2014/15 инспирација најде во надреалистичките и ексцентрични креации на Елза Скјапарели, но во далеку поедноставена верзија.

karven

Анри претстави долги здолништа и волуменозни капути во јаки бои, детали од крзно и леопардов принт, а влијанието на Скјапарели и надреалистите се забележува во употребата на розовата боја, апликациите со мотив на рака и дадаистичките стрелки и колажи како принт на облеката.

НИНА РИЧИ

Nina_Ricci_RF14_fall14_header

Креативниот директор на „Нина Ричи“, Питер Копинг, во минатата сезона ја истражуваше реинвенцијата на класичната машка кошула, но овојпат претстави исклучително женствена колекција која е кохезивна и на жената и’ нуди беспрекорна гардероба за различни пригоди од утро до мрак.

nina ricci

Денот со „Нина Ричи“ започнува со плетени ролки, јакни со крзно, здолништа над колена и елегантни капути, но како паѓа ноќта, треба да се преблечеме во свилени, сатенски и кадифени фустани, креации со тантела и цветен дезен, модели на фустани со нерамен раб и романтични вечерни тоалети.  Инаку, Копинг креара за модната куќа основана далечната 1932 година од страна на Нина Ричи, Французинка родена во Италија.

РОШАС

Rochas-Fall-2014-Runway-Show-Paris-Fashion-Week

Првата колекција на Алесандро Дел’Аква за куќата што го носи името на францускиот дизајнер Марсел Рошас, отвора нова страница во неговата кариера и во хронологијата на брендот. Дел’Аква акцент става на елегантни долги капути во пастелни бои под кои ѕиркаат слоеви на широки здолништа, сако со лежерен крој, потоа предлага широки двослојни здолништа, модели украсени со пеплум и светкави апликации, но и вечерни верзии на палта од светкави ткаенини.

rochas

Дизајнерот употребува доста бои, од пастелна палета па до потемни нинанси на бродо, сина и зелена, но највпечатлив беше клучниот моден детаљ – долги ракавици во розова, портокалова, тиркизна, сина и жолта. Овие последни не треба да се смешаат со обичните пластични ракавици за чистење…

Албер ЕлбазАлександар ВангБаленсијагаБалманесен-зима 2014/15КарвенЛанвинНина РичиОливие Рустенгпариска модна неделаПитер Копинг
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • prada ревии

    Мијуча Прада и Раф Симонс ја претставија првата заедничка машка колекција

  • 2 ревии

    Chanel Métiers d’art колекцијата претставена на ревија во замок и со едно лице во публика

  • IMGL1485 ревии

    Модна ревија во Штип: Поглед во сегашноста и иднината на текстилната индустрија во Македонија

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • ????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Мода и политика – виолетовиот капут на Џил Бајден со силна порака

    јануари 20, 2021
  • 1

    Сестрите Џиџи и Бела Хадид ги обожаваат овие предимензионирани сакоа

    јануари 20, 2021
  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • prada

    Мијуча Прада и Раф Симонс ја претставија првата заедничка машка колекција

    јануари 18, 2021
  • Insta

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Јануарските стајлинзи на стилските ѕвезди

    јануари 18, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics