Единствениот музички настан кој на едно место ги спојува прекрасните италијански, француски, латино и џез звуци, се враќа пред домашната публика овој септември.
На 18.09.2019 година, под отворено небо, на платото „Мајка Тереза” пред Националната Опера и Балет, публиката повторно ќе има можност да ужива во изведбата на Павле Камилоски. Овој музички настан, единствен од ваков тип, по јубилеен петти пат ќе им пружи на љубителите на овој вид музика уште една извонредна вечер исполнета со емоции и уживање.
Изведувачот кој воедно е и иницијатор на овој проект, кој полека прераснува во традиција, е најзаслужен за се поголемиот успех на оваа манифестација. Павле со својата огромна љубов кон музиката и изведбата на шансони, канцони и безвременските џез песни, ќе и подари на публиката уште едно повеќечасовно уживање, кое ќе ги разигра сите ваши сетила.
Билетите за овој концерт може да се купат на следниот линк.
Нема коментари