• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
дизајн-декор 0

Потрага по идеалната комбинација со „Преплет“ на 4 мај во Public Room

Од stylist @StylistMKD · На април 28, 2016

preplet1 Неколкумесечното истражување, собирање, редење и потрагата по идеалната комбинација  резултирала со нова колекција на скопскиот концептуален бренд  „Преплет“, која ќе биде промовирана на 4 мај во Public Room.  Перформансот „Одбери ја твојата идеална комбинација“ ќе почне во 21 часот и е од отворен карактер. -Помина долг период откако  почнавме да ги бараме, собираме и редиме сите соодветни делчиња за да ја создадеме нашата идеална комбинација, односно нашата многу, многу нова колекција за овој многу нов период… Новата колекција содржи ексклузивни комплети составени од неколку производи меѓусебно поврзани на една иста тема на пример комплет за љубители на патувања, комплет за љубители на книги, за љубители на кафе, на готвење и слично. Целта која што сакаме да ја постигнеме со реализацијата на овој нов концепт е секој да може да си ја пронајде својата страст кон одредена работа и да му го олесниме секојдневието со нашите специјално дизајнирани производи на одредена тема. Секој комплет го обмислувавме со особена внимателност, посветеност и анализа за тоа кои се клучните работи кои би му користеле и значеле на еден авантурист, на еден готвач или љубител на книги. Токму поради тоа секој комплет ќе содржи различни типови на производи во зависност од темата и насловот кој ќе го носи истиот -велат креативките Викторија Ланговска и Магдалена Дилевска, кои стојат зад „Преплет“. preplet01 Покрај продажната изложба, која што е составен дел на секој настан организиран од „Преплет“, овој пат сите посетители ќе имаат можност да проследат и еден многу интересен перформанс за кој соработуваат со поголема екипа на луѓе. Самиот перформанс ќе трае половина час. Низ него ќе бидат презентирани сите нивни нови производи и на тој начин секој ќе има можност да ја пронајде својата идеална комбинација од сет произвди кои најмногу ќе го дефинираат него како личност. -Овој пат фотсесијата за каталогот е планирана да се изведе на самиот настан, односно за времетраење на самиот перформанс. Овој настан ни е мултимедијален настан, ќе се случуваат многу работи наеднаш и на секој што ќе присуствува му ветуваме одлична забава. Перформансот ќе трае до 22ч, а потоа продолжуваме со музика и забава до 24 часот. preplet-kolaz1 На овој настан Викторија и Магдалена ќе прослават три години од основање на концептуалната етикета. Иако не им бил проритет роденденот, сепак, перформансот е убав начин да се одбележат успешните три години на „Преплет“, кој прерасна во препознатлив бренд за додатоци за домот, украси и подароци со уникатни пораки испишани на кирилица. – Многу сме среќни што навистина успеавме да стигнеме до тука и планираме да земаме уште поголем замав. Свесни сме за нашиот напредок и како дизајнери и како бизнисмени. :) Како што созреваме ние, созрева и „Преплет“ и навистина имаме многу големи планови и цели за во иднина-велат тие. (А.Н.) preplet-kolaz3

Public RoomВикторија ЛанговскаКонцепт 37концептуална продавницаМагдалена Дилевскамакедонски креативциПреплет
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ??? дизајн-декор

    Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

  • Otvoren povik_Expo zone_Skopje Design Week дизајн-декор

    Орворен повик за учество во Експо зоната на Skopje Design Week

  • ???????????????? дизајн-декор

    Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март под мотото „Освежи го својот дом“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • aero

    Започнува AERO Street Food Festival – урбаниот фестивал за улична храна и музика

    септември 3, 2026
  • 1 karolina markov

    Каролина Гочева маркантна во модел на Марков на концертот за 35 години независност

    септември 2, 2026
  • Svetska premiera Dobri luge

    Документарецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски имаше светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал

    август 17, 2026
  • le brand kreacija

    Заеднички авторски проект на Ателје Креација и Le Brand Studio: Македонската традиција доби современ моден израз

    јули 16, 2026
  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • aero

    Започнува AERO Street Food Festival – урбаниот фестивал за улична храна и музика

    септември 3, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025

Култура

  • Svetska premiera Dobri luge

    Документарецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски имаше светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал

    август 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics