Независниот музичкиот издавач „Шарла“ го издаде своето 50-то издание – првото официјално ЕР издание на групата Перија со наслов „Кокало“.
„Перија“ се три девојки од Скопје – Катерина Димитровска, Леа Милиновиќ и Филис Синаноска, а како Перија постојат од 2015 година. Музичката позадина на овие new age номадки е во балканските традиции под силното влијание на музиката на Ориентот. Сепак, современиот, стилизиран израз го прави ова трио уникатно во својата мисија да го реконструира културното минато преку стари песни и приказни за љубовта и страдањето.
Свирачки, располагаат со завидна вештина креирајќи прекрасна атмосфера во која ги сместуваат своите епско-лирски искуства од патувањата низ улиците на историјата на овие простори. Автентичниот звук на уд, тамбура, бендир и кемане, надополнет со пријатните вокали на Кате, Леа и Филис и нивните нежни мелодии лесно ќе ве транспортираат во време-просторот каде се случувале секојдневијата на нашите предци.
Перија – Кокало ЕР може слободно да се преслуша и симне(free download) на следниот линк:
Нема коментари