Дваесет години по лансирање на хитот Wannabe и појавувањето на најпопуларната женска група на сите времиња, „Спајс грлс“, оваа нумера повторно е актуелна. Песната е основата на инспиративното видео на The Global Goals под ОН за подигнување на свеста за правата на девојчињата и жените. Во спотот се појавуваат повеќе групи на девојки и жени, кои пеејќи го препознатливиот рефрен, ги поставуваат најважните пражања: за запирање на насилството врз жените, за малолетничките бракови, еднакви плати и злоупотреба од било каков вид.
Кампањата #WhatIReallyReallyWant е креирана од The Global Goals и е една од 17-те цели на ОН за одржлив развој. Во спотот се појавуваат познати имиња како Џи Џи Ламајн и Моне од Јужна Афика, Сеџи Шеј од Нигерија, Боливудската актерка Жаклин Фернандез од Шри Ланка, М.О. од Велика Британија, Тејлор Хавала од Канада и Ларсен Томпсон од САД.
Видеото ќе биде прикажувано во кината ширум светот, а веќе е вирално на интернет. Ги повикува луѓето од цел свет да ги поддржат објавувајќи фотографии со хаштагот #WhatIReallyReallyWant на социјалните мрежи. Фотографиите ќе бидат доставени на светските лидери на состанокот на ОН во септември. Голен удел во популарзиурање на кампањата имаат и самите членки на „Спајс грлс“. Досега јавна поддршка дадоа Викторија Бекам и Мел Си.
Нема коментари