Стилска инспирација со зимска гардероба ни доаѓа од Берлин, Копенхаген, Дизелдорф, Милано и Лондон благодарение на овие пет модни блогерки
Маја Вај
@majawyh
Ѕвездата на уличната мода од Дизелдорф ќе ве научи како да се облекувате слоевито и како да изгледате секси и во предимензионирани парчиња. Таа сака широки панталони, долги џемпери, црни капути и многу крзно.
Анет Вебер
@nettiweber
Анет Вебер зимава најчесто ќе носи кафен капут, ролки во комбинација со здолништа и монти во разни бои. Ѕирнете ѝ го профилот, скоро секој ден објавува нов зимски стајлинг.
Кјара Ферањи
@chiaraferragni
Ветеранката во модното блогирање иако последниве години живее во Лос Анџелес каде што не се чувствува зимата, таа поради честите патувања и престојот во родното Милано мора да поседува и зимска гардероба.
Пернил Тисбек
@pernilleteisbaek
Пернил доаѓа од ладниот Копенхаген и како секоја скандинавка поседува куп топла облека која во нејзиниот случај е микс на светски трендови и скандинавски минимализам.
Камил Шарие
@camillecharriere
Откако од родниот Париз се пресели во Лондон Камил научи како да се облекува за неколку нијанси потопло, ама во нејзина верзија тоа значи неретко мешање на зимски и летни парчиња, мини здолниште со топла јакна, дебел џемпер со свилено здолниште, монтка со отворени влечки…
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари