Во овој преоден период кога се подготвуваме за следната есенска сезона, ама сè уште ги носиме летните парчиња, најдобрата модна формула е микс на безвременска облека, дел што одговара на температура од +30 степени, и некоја што се носи на малку постудено време. Таквите модни парчиња скоро сите ги имаме во гардероберот, како на пример бел фустан, фармерки, тенко џемперџе, кожена моторџиска јакна. За малку модерен момент, играјте со трендовски модни додатоци, тие ќе послужат за современа надградба на базичните парчиња. Еве како:
1.Продолжете го „животот“ на белиот летен фустан од деликатна тантела комбинирајќи го со груба моторџиска јакна
2.Џинс со џинс изгед модернизиран со треновски шпиц-чевли и ранец
3.Фармерки што совршено ви стојат е едно од основните модни парчиња, сега за есен комбинирајте ги со ситно карирано сако, впечатлива мала чанта и чевли со дамска потпетица
4.Миди здолништето е уште еден класик во женскиот гардеробер, го носиме без разлика на сезоната. За следната сезона предлагаме да го комбинирате со шарен џемпер и високи потпетици
5.Тенок slip фустан облечен врз фармерки и со кожена јакна е еден од најризичните, но и најинтересните стилови периодов
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари