• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
кариера 0

Пет главни теми во фокусот на 4. Годишна конференција за е-трговија

Од stylist @StylistMKD · На октомври 28, 2021

Spikeri-plav-post-1200x628

Најавена квалитетна програма со 28 експерти од преку 10 земји

Уште само две недели нѐ делат од најголемата конференција за е-трговија во Македонија, која повторно на едно место ќе обедини повеќе од 28 домашни и странски експерти од областа на е-трговијата, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.

Во фокусот на конференцијата годинава се теми кои се внимателно избрани за да одговорат на потребите на индустријата. Конференцијата ќе биде одлично место за да се научи и дознае повеќе за дигитализацијата и дигиталната нација, безбедните и иновативни е-плаќања, влијанието на COVID-19 врз е-трговијата, но исто така новите трендови во дигиталниот маркетинг, како и улогата на жените во дигиталниот свет и е-трговијата.

Овие пет главни теми ќе бидат претставени во тринаесет презентации, еден неформален разговор и три панел сесии.

- Висококвалитетната програма е клучна за успешна конференција, вложивме многу напор за создавање одлична програма која ќе биде презентирана од 28 искусни говорници кои доаѓаат од десет земји. Секоја година внимателно ја одбираме темата на конференцијата во зависност од развојот на е-трговијата и потребите на индустријата. Темата оваа година го е “E-commerce: Ready, Set, Grow!”. COVID-19 условите и зголемената побарувачка за е-трговија направи компаниите да се адаптираат на новите услови со цел да го одржат нивниот бизнис. Денес компаниите се поподготвени (READY) и поставени (SET) за раст на нивниот бизнис (GROW) со побрзо темпо – вели д-р Нина Ангеловска, престседaтел на Асоцијацијата за е-трговија која е организатор на конференцијата.

fotka-1

Конференцијата ќе започне со дигитализација и приказната наречена „Сакаме дигитална нација“ бидејќи тоа е предуслов за развој на е-трговијата, како составен дел на дигиталната економија. Потоа ќе се зборува за „COVID-19 поттикот на е-трговијата“ во С. Македонија, но и во Европа и публиката ќе има можност да слушне примери за влијанието и стратегиите преземени од два големи бренда. Следно, конференцијата ќе се осврне на „Безбедните и иновативни електронски плаќања“ и ќе се зборува за „триаголникот“ на доверба, технологија и регулатива, како и за новите трендови и иновации во е-плаќањето.

За време на четвртата тема „Како и зошто поголема вклученост на жените?“, присутните ќе имаат можност да го слушнат искуството на три моќни жени кои се на водечки позиции и создаваат одлични перформанси за нивните компании.

Петтата тема, која всушност преставува половина од целата програма е посветена на “Дигитален маркетинг и новите трендови”, на која преку шест презентации еминентните експерти ќе ги споделат со присутните своите сознанија, совети и трикови од оваа област, но и искуствата од водечките регионални пазари за тоа што функционира, а што не кога станува збор за маркетинг алатки и тактики.

Традиционално, конференцијата ќе заврши со гејмификација, квиз натпревар со вредни награди за победниците, проследено со коктел забава спонзорирана од златните спонзори.

Сето ова ќе биде презентирано од еминентни светски експерти кои специјално за конференцијата доаѓаат во Скопје, меѓу кои Константин Костадинов – Раководител на продажба за Централна и Југоисточна Европа во Вибер (Rakuten Viber), Срѓан Прокиќ, Раководител за е-трговија во AirSerbiа, Анна Горка, Spotify партнер директор во Httpool и многу други говорници.

fotka-2

Од домашните говорници, своето искуство на конференцијата ќе го пренесат Нина Ангеловска – Претседател @ Асоцијација за е-трговија на Македонија, Коста Петров – Директор на Фонд за иновации и технолошки развој, Филомена Пљаковска Аспровска, Главен директор и Претседател на управниот одбор во КаСис АД Скопје, Амбасадор за. С.Македонија во European Women Payments Network (EWPN), Борче Ѓорѓески, Раководител на Контакт центар за клиенти во А1 Македонија, Милкица Геринска, Менаџер за е-трговија во Пивара Скопје АД, Војдан Карапетковски, Извршен Директор во КАРА 5 и други.

Конференцијата годинава ќе се одржи во хибриден формат, односно учесниците ќе имаат можност да одберат дали преферираат учество на конференцијата со физичко присуство, со следење на сите актуелни протоколи против ширење на пандемијата, или пак да ја следат конференцијата преку интернет, од удобноста на својот дом или на работно место.

Билетите ќе бидат достапни во продажба уште една недела или до исполнување на предвидените места согласно Ковид протоколите за физичко присуство. Во соработка со Mastercard како генерален партнер на АЕТМ кој ја дели визијата за креирање на подобра клима за е-трговија овозможена е специјална цена од 99 евра на билетот за физичко присуство за 10 е-трговци со користење на купон кодот mastercard4eshops при купување на карта на официјалната веб страница на конференцијата: https://ecommerceconference.mk/ , каде што се достапни повеќе информации за картите и останати детали поврзани со конференцијата.

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Karieren Samit-WIT MK кариера

    Кариерен Самит: Од потенцијал до остварување во организација на Women in Tech Macedonia

  • 1 кариера

    Qinshift Academy со фонд до 50.000 евра за стипендирање на најталентираните студенти

  • WITCON 2024 кариера

    WITCON: Tech конференција на 18 мај во Скопје организирана од Women in Tech Macedonia

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1stefanija

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

    ноември 13, 2025
  • Фестивал на чај

    Од 14 ноември „Фестивал на чај“ под слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“ во Скопје сити мол

    ноември 12, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 2

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

    ноември 6, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics