Црвената боја e страстна, сензуална и ја разведрува секоја модна комбинација, што е воочливо и во зимското облекување. Најдобра идеја во зимската сезона е црвен капут – толку впечатлив и толку забавен. За оние што ќе се осмелат да облечат црвен капут, еве неколку идеи како да го комбинираат – со кошула, кожени панталони и патики, во комплетно црвена комбинација, со облека со ситно каро, со фармерки или со паричиња во контарсна розова боја.
Нема коментари