Студеното време што го чувствуваме деновиве ќе го „победиме“ со малку стил и ќе се згрееме со помош на облеката и модата. Во зима најчесто практикуваме слоевито облекување на модните парчиња, а последниве сезони во уличната мода забележавме тенденција на носење на две горни облеки, како на пример, комбинации со сако и капут, или блејзер и топла јакна. Во студенивте месеци ги сакаме и комбинациите со ролки како првиот слој од зимскиот стајлинг, а се мешаат и тексас јакни со капути, џемпери и дуксери со разни топли палта.
Нема коментари