• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
нега 0

Пет тајни за убавина на Французинките

Од stylist @StylistMKD · На ноември 25, 2019

cc61c95833bdcd508b6260bf7818f30f

Природната шминка и слободно пуштената коса кај Французинките ви дава впечаток дека имаат премногу ноншалантен пристап кон негата и убавината, но во суштина не е така. Фрацузинките од мали учат како да се негуваат и дека вистинските козметички производи треба да ги бараат во аптека, дека треба да си го пронајдат својот козметичар/дерматолог и да обрнат повеќе внимание на чистата кожа, а не на нападното шминкање и вештачките елементи. Каролин де Мегре, Кетрин Денев и многу други познати, но и обични Французинки ги следат следниве правила…

Минимум тонална основа

Французинките се главните пропагаторки на „а ла натурел“ шминка. Марион Котијар, Леа Сејду, Шарлот Генсбур едногласно признаваат дека воопшто не користат пудра, освен за јавни појавувања и снимања. Шминкерката Виолет, која стана бјути директор на Estée Lauder, сподели дека за Французинките не постои концептот за контурирање, тоа за нивната природа е нешто многу чудно и страно. За повеќето е доволно да го употребат легендарниот коректор Touch Eclat од Yves Saint Laurent, кој се нанесува за да се сокријат темните кругови под очите и малите несовршености, и кој може да се најде во несесерот на секоја втора француска девојка.  Главното правило е сè треба да изгледа како да не сте направиле никаков напор.

caroline_de_maigret_en_7_dias_7_looks_dia_5_461140357_1200x

Без фен

Нерамни шишки, осветлени прамени, уметнички неред наместо уредно зачешлана коса – вака некако би се опишале фризурите кои живописно го илустрираат ефемерниот париски шик. Ви се чини дека Французинките имаат посебна структура на косата?! Па не баш… Тие само никогаш не ја сушат косата со фен. Каролин де Мегре во својата книга „Како да бидеш парижанка каде и да си“ напишала дека косата ја мие навечер, и наутро се буди со совршено разбушавена фризура. Исто така признава дека никогаш не користи балзам за коса, бидејќи косата ѝ ја правел премногу мека. Жана Дамас, основачката на новиот омилен бренд на Фрнацузинките Rouje, која што ја нарекуваат новата Џејн Биркин, вели дека после миењето косата ја фаќа во пунџа и после неколку часа има природно навиткана фризура во романтичен и ноншалантен стил.

Заштита од сонце

Легендата на францускиот филм Кетрин Денев признава дека најдобриот совет што ѝ го дала нејзината мајка во однос на негата е секогаш да користи крем со заштитен фактор. „Пораснав во предградијата, а мајка ми секогаш велеше дека треба да го заштитам лицето од сонцето. Ми се чини дека благодарение на ова, по сите овие години мојата кожа е сè уште во добра форма. И мајка ми исто така изгледа одлично – таа има 106 години“.

hbz-beauty-vanity-jeanne-damas-04

Црвениот кармин како моден додаток

„Не знам да се нашминкам, ама молив за веѓи и кармин секогаш имам со мене“, вели Денев. И помладите Французинки го следат нејзиниот пример и го користат карминот како главна шминка. Жана Дамас на пример, секој ден носи црвен кармин, и никаква друга шминка не нанесува. Меша неколку нијанси на црвен кармин од брендот MAC и ги нанесува со прст за да добие поприроден ефект.

Не излегувај од дома без капка парфем

Каролин де Мегре е убедена дека „неколку капки парфем во косата, зад увото, на задниот дел на главата или вратот никому не направиле лошо“.  Инес де ла Фресанж пак вели дека го нанесува својот омилен парфем дури и кога е сама дома. Тоа го објаснува на едно генетско ниво – кога живеете во главниот град на парфемите, тешко е да им оддоелете.

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

ВиолетЖана Дамаскаролин де МегреКетрин ДеневнегаубавинаФранцузинкифранцуски стил
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 нега

    Совети за пролетен блескав тен

  • eucerin нега

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

  • eucerin (2) нега

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics